Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)
ЗАБАВА

Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)

Објавено June 23, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Италијанскиот оперски тенор Андреа Бочели и тенисерот број еден во светот – Јаник Синер го објавија својот прв дует насловен „Polvere e Gloria“ („Прашина и слава“).

Бочели и Синер споделија промоција на песната на Инстаграм, со снимки од детството на пејачот и тенисерот, како и понови снимки, на кои се гледа како Синер држи рекет и тениско топче пред пијано во домот на Бочели во Тоскана.

Песната, која е на италијански и англиски јазик, ги содржи и мотивациските говори на Синер, во кои тој и кажува на публиката да „бидат тоа што се“.

„Секој живот е потенцијално уметничко дело – секој од нас ја носи слатката одговорност да ги негува своите таленти во секојдневните акробации на животот, следејќи ги своите соништа, а воедно останувајќи цврсто верни на своите вредности“, рекоа Бочели и Синер во заедничка објава на Инстаграм.

Тие нагласија дека овој дует произлегол од нивната „заедничка и непоколеблива“ желба ништо да не биде невозможно.

Тројниот шампион на Гренд слем турнирите нагласи дека е почестен што е дел од проектот со Бочели, за кого рече дека има „уникатен и извонреден глас“ и ја претставува Италија во светот, пренесува Ројтерс.

„Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни. Тоа е исклучително трогателно“, додаде 23-годишниот ас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арсовска и во недела „ловеше“ дивоградби во Чаир, тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал
Следна Статија Нетанјаху: Блиску сме до остварување на своите цели во Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Џим Кери доби почесна награда „Цезар“, одржа емотивен говор: „Каков беше мојот француски?“

Џим Кери доби овации од високите претставници на француската филмска индустрија на 51-то доделување на наградите „Цезар“, каде што ја…

March 1, 2026
ЗАБАВА

Научници ги вратиле во живот „страшните волци“, праисториско животно изумрено пред 12.000 години

Научниците од компанијата „Colossal Biosciences“ во САД, вратиле во живот еден вид волци кои талкале по рамнините и планините на…

April 11, 2025
ЗАБАВА

Доаѓа Стара Нова година, па Василица- направете го ова за да ве прати среќа цела година

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Голем…

January 10, 2025
ЗАБАВА

Трамп ја исмеа исвирканата Тејлор Свифт по завршувањето на Супер Боул

Доналд Трамп рано го напушти Суперболот откако Канзас Сити Чифс претрпе тежок пораз од Филаделфија Иглс и не ја пропушти…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?