Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата
ЕКОНОМИЈА

Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата

Објавено June 23, 2025 10:26
Сподели
Сподели

 Годинава, очекувањата се економскиот раст да изнесува три проценти, додека на среден рок проекциите укажуваат на раст на економијата од околу четири проценти. Основното макроекономско сценарио упатува на солидна динамика на натамошно економско закрепнување, ова го истакна гувернерот Трајко Славески во интервју за порталот „Пари“.

Гувернерот посочи дека главен носител на растот се инвестициите, потпомогнато од најавениот јавен инфраструктурен циклус, но и од приливот на странски инвестиции и солидната кредитна поддршка на корпоративниот сектор од страна на банките.

– Минатата година, странските директни инвестиции достигнаа исклучително високо ниво од околу седум проценти од БДП, што сигурно ќе ѝ даде позитивен поттик на вкупната економија. Исто така, и на кредитниот пазар е видлива зголемената кредитна поддршка на компаниите. Она што можеме да го видиме преку податоците е постојаното зголемување и на расположливиот доход на населението и на кредитното финансирање на потрошувачката на домаќинствата. Оттаму, и оваа компонента на побарувачката ќе има позитивен придонес во растот. Во околности на нешто помалку поволно надворешно опкружување, годинава се очекува извозниот сектор да има скромна стапка на раст и постепено да закрепнува во следниот период, посочи Славески, напоменувајќи дека постојат и позитивни нагорни ризици, со тоа што дел од најавените инфраструктурни инвестиции не се вградени во целост во проекциите. На среден рок, пак, се очекува позитивно влијание од членството во НАТО и од членството во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), како и од новиот План на ЕУ за раст на Западен Балкан.

Во однос на инфлацијата, Славески посочи дека нагорната ревизија на проектираната стапка на инфлација е умерена и е направена само за оваа година.

– Оваа корекција ја одразува нешто посилната динамика на ценовниот раст од почетокот на годината, пред сѐ кај цените на прехранбените производи, но и нагорните ревизии за движењето на дел од увозните цени на светските берзи во следниот период. На среден рок проекцијата не претрпе промени, односно и натаму се очекува дека инфлацијата ќе се сведе на историскиот просек од два процента. Со ваквата проектирана патека кај домашната инфлација, се очекува распонот во однос на инфлацијата во еврозоната, кој веќе е значително намален во однос на оној во 2022 година, да продолжи да се стеснува, посочи гувернерот, потенцирајќи дека Народната банка ќе продолжи да делува во насока на остварување на ценовната стабилност, во координација со фискалната политика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биткоинот падна под 100.000 долари откако САД го нападнаа Иран
Следна Статија Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банката на Јапонија ги зголемува каматните стапки на highest во последните 30 години

Зголемувањето доаѓа во услови на растечка инфлација и слаба јапонска економија.

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Новиот систем за влез во ЕУ сериозна „главоболка“ за возачите на камиони – Ќе бидат третирани како туристи

Новиот систем за влез во Европската Унија (ЕУ), кој вклучува електронска регистрација и биометрија, може да предизвика големи проблеми во…

October 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

До Нова година ќе се пуштат експресните патишта Прилеп-Градско и Ранковце-Крива Паланка

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција соопшти дека до Нова година ќе бидат ставени…

October 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Божиновска-Ванделт: Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се сретна со претставници на Германската стопанска комора (AHK Северна…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?