Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роџер Санчез, Каролина, „Некст тајм“ главни ѕвезди на „Културно лето“ во Кисела Вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Роџер Санчез, Каролина, „Некст тајм“ главни ѕвезди на „Културно лето“ во Кисела Вода
ЗАБАВА

Роџер Санчез, Каролина, „Некст тајм“ главни ѕвезди на „Културно лето“ во Кисела Вода

Објавено June 24, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Под мотото „Сè на свое место“, Општина Кисела Вода ќе го одбележи 70 години од своето постоење со разновидна, содржајна и квалитетна програма,, креирана да допре до сите генерации. Годинава на програмата има изведувачи кои ќе настапат на три сцени: на платото пред салата „Расадник“, во Драчево кај крстот и во паркот „Македонија“ а ќе понудат разновидна програма за сите возрасти, за сите жители на Кисела Вода и за сите скопјани, како и од останатите градови низ земјава.

Главна атракција на програмата ќе биде Роџер Санчез, добитник на Греми, диџеј кој ги полни најголемите клубови и фестивали во светот. Со него ќе започне четиридневното одбележување. Ексклузивниот настап ќе се одржи в четврток, на 26 јуни со почеток во 20,30 часот, во салата „Расадник“. Атмосферата пред Санчез од 20:30 часот ќе загреваат диџеите Мац, Ампов и Деан Мицкоски.

Наредниот ден, петок, на крстот во Драчево, од 20:30 до 21:00 часот, посетителите ќе може да го проследат настапот на КУД „Китка“, потоа ќе следува забава со: Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски и Бојана Скендеровски, а на крај свој настап ќе има Каролина Гочева, кој ќе започне во 22:30 часот.

Дуото „Некст тајм“ ќе ги забавуваат посетителите в сабота, на платото пред салата „Расадник“, со почеток во 20:30 часот, а по него ќе настапат „Два бона“ и Слаткар. Недела, е предвиден како семеен ден, кога во 10:30 часот ќе започнат активностите на платото пред салата „Расадник“, а прославата ќе се заокружи со доза смеење, која ќе ја обезбедат стендап комичарите Бојан Велевски и Марјан Ѓорѓиевски, во 20:30 часот, а по нив ќе биде настапот на „Tea & 2EXIT“.

Низ настаните ќе водат четворица водители: Миро Кацаров, Сашко Коцев, актерката Драгана Левенска и водителката Верица Донев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?
Следна Статија Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Знаете ли што е Арамејски Нов завет?

Повеќето луѓе се шокирани кога ќе дознаат дека Библијата со која пораснале не е преведена директно од оригиналните арамејски текстови,…

June 2, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Маск дојде кај Трамп со синот по име X Æ A-12, момчето добро се забавуваше

Илон Маск во предизборниот штаб на Доналд Трамп го донесе својот четиригодишен син X Æ A-12 или скратено Х, кој…

November 6, 2024
ЗАБАВА

Никогаш не нарачувајте го ова јадење во ресторан- познатиот готвач ја откри најголемата тајна

Познатиот готвач Гордон Ремзи е тешко да се задоволи и измами. Познат по својот остар јазик кој никого не остава…

November 26, 2024
ЗАБАВА

Објавени се номинациите за наградите „Еми“, доминира серијата „Пит“

Номинациите за „Еми“ наградите 2026 се официјално објавени, а листата открива кој е во трка за престижната статуетка. Номинациите во…

July 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?