Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка
СВЕТ

Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка

Објавено June 25, 2025 08:40
Сподели
Сподели

Првичната разузнавачка проценка на американските напади врз трите ирански нуклеарни постројки во Тананц, Фордо и Ифхасан покажа дека тие не успеале да ги уништат клучните компоненти на програмата и веројатно ја вратиле нуклеарната програма на Техеран само за неколку месеци, се наведува во извештај на Си-Ен-Ен.

Проценката на Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA), внатрешната разузнавачка служба на Пентагон, се базира на проценка на штетата од страна на Централната команда на САД по нападите во раните утрински часови во неделата, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на еден од четирите анонимни извори за кои се вели дека ги дале проценките.

Иако анализата е сè уште во тек и може да се промени како што ќе бидат достапни дополнителни податоци, таа сè уште е во спротивност со постојаното јавно инсистирање на американскиот претседател Доналд Трамп дека нападите ги уништиле постројките во Фордо, Натанц и Исфахан.

Два извори рекоа дека резервите на збогатен ураниум на Иран не се уништени, додека друг изјавил дека центрифугите што се користат за збогатување останале во суштина „недопрени“.

„Значи, проценката (на DIA) е дека САД ги врати назад за можеби неколку месеци, најмногу“, рече еден од изворите.

Белата куќа остро ја отфрли анализата, но се чини дека го призна нејзиното постоење.

-Оваа наводна проценка е целосно погрешна и е класифицирана како „строго доверливо“, но на Си-Ен-Ен ѝ беше доставена од анонимен, ниско позициониран губитник во разузнавачката заедница, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Таа истакна дека „протекувањето на оваа наводна проценка е јасен обид да се омаловажи претседателот Трамп и да се дискредитираат храбрите борбени пилоти кои изведоа совршено извршена мисија за уништување на нуклеарната програма на Иран“.

-Секој знае што се случува кога совршено ќе фрлите четиринаесет бомби од 14 тони врз нивните цели: тотално уништување“, додаде таа.

Израел започна воздушна кампања против воените и нуклеарните објекти на Иран на 13 јуни, погодувајќи неколку од истите локации што ги погодија и САД во неделата.

-САД ги нападнаа објектите Фордо и Натанц со 14 бомби за разбивање бункери од 13.600 килограми, фрлени од стелт бомбардери Б-2, изјави во недела генералот на Здружениот штаб на вооружените сили, Ден Кејн.

Тој додаде дека повеќе од дваесетина крстосувачки ракети лансирани од подморници биле насочени кон целта во Исфахан.

Трамп тврдеше дека местата биле „целосно уништени и сите го знаат тоа“.

Ми беше голема чест да ги уништам сите нуклеарни објекти и капацитети, а потоа да ја сопрам војната“, рече Трамп на социјалните мрежи во вторник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студентите во блокада со ултиматум до српската Влада: Бараат исполнување на две барања до сабота навечер
Следна Статија Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Полски европратеник ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата…

May 8, 2025
СВЕТ

Украина: Русите се преоблекоа во нашите униформи и тргнаа во напад

Главниот штаб на вооружените сили на Украина соопшти дека руски војници, од кои некои биле маскирани во украински воени униформи,…

November 13, 2024
СВЕТ

„Политико“: Рубио ќе биде со двојна функција најмалку шест месеци

„Политико“, повикувајќи се на тројца високи функционери на Белата куќа, објавува дека се очекува американскиот државен секретар Марко Рубио да…

May 3, 2025
СВЕТ

Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека на поранешната републиканска претседателска кандидатка и поранешна амбасадорка на САД во ОН,…

November 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?