Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство
СПОРТ

Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство

Објавено June 25, 2025 08:44
Сподели
Сподели

Шпанската полиција го лоцира и уапси навивач кој им се закануваше со смрт на шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и неговото семејство откако промаши пенал во финалето на Лигата на нации.

Станува збор за 19-годишник од Малага.

Како што беше утврдено, тој испраќал закани од својот профил на социјалните мрежи до Мората и членови на неговото семејство, дури и до децата, веднаш по финалето во кое Шпанија, по изведување на пенали, беше поразена од Португалија.

Пораките ја вознемирија јавноста, брзо стигнаа осуди против навивачот, кој два дена подоцна, за да се ослободи од одговорност, отиде во полиција и пријави дека некој му го „хакнал“ профилот и дека тој не е оној што му ги испратил заканувачките пораки на Мората.

Сепак, полицијата брзо утврди дека профилот не е хакиран и дека лицето кое ја пријавило „кражбата“ на неговиот профил на популарната социјална мрежа стои зад сè.

Во меѓувреме, полицијата пресретна дел од разговорите на споменатиот млад човек со мобилен телефон и по анализа утврди дека тој дефинитивно стои зад заканите кон Мората.

„Овој вид однесување стана нормален во одредени области, како што е спортот, поттикнат од анонимноста што ја обезбедуваат социјалните мрежи и брзината со која се шират“, соопшти полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка
Следна Статија Повредените во „Пулс“ кои се рехабилитираат на Пониква пуштија 62 бели балони во чест на починатите и побараа простување што не ги спасиле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонските тенисери апелираат за поддршка од трибините на утрешниот дуел со Молдавија

Бројна поддршка од трибините побараа македонските тенисери пред кои утре во Скопје е исклучително важен дуел против Молдавија во рамки…

June 11, 2025
СПОРТ

Четирите неверојатни одбрани на Столе против Белгија (ВИДЕО)

Македонскиот голман Столе Димитриевски  вчера ја имаше една од најдобрите партии во репрезентативниот дрес. Беше на висината на задачата во…

October 11, 2025
СПОРТ

Ракометарките против Полска во баражот за пласман на СП 2025

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против Полска во баражот за пласман на Светското првенство 2025 година, кое ќе…

December 15, 2024
СПОРТ

Само овој голман му има одбрането два пенали на Марадона

Томислав Ивковиќ е еден од ретките фудбалери кои ги носеле дресот и на Динамо Загреб и на Црвена Звезда. Славниот…

May 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?