Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Успеавме да покажеме дека промената на Уставот не е последниот услов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Успеавме да покажеме дека промената на Уставот не е последниот услов
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Успеавме да покажеме дека промената на Уставот не е последниот услов

Објавено June 25, 2025 09:57
Сподели
Сподели

Проблемот не бил во промената на Уставот туку нашиот идентитет, суштината на овој народ, македонскиот јазик, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во интервју на Македонската телевизија коментирајќи го она што денеска се случуваше на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) и бугарскиот предлог амандман во Извештајот за нашата земја.

– Можам да кажам дека не го доживувам ова како победа туку како разочарување. Зошто? Затоа што во 21-ви век во Европа бевме сведоци на обид за создавање на вештачка нација и идентитет, денес, бидејќи тој амандман којшто денеска беше предложен дефакто е обид да се создаде некоја нова „модерна“ македонска нација, или некој нов „модерен“ македонски јазик што е само по себе преседан. Јас сум како човек и како Македонец разочаран, така што не го доживувам ова како успех, туку како нешто што за нас претставуваше пречка која што ја поминавме, но не е тоа доволно – изјави премиерот Мицкоски.

Овој извештај, според последните информации, како што кажа, меѓу 8 и 9 јули повторно може да биде нападнат со сличен амандаман, што е само по себе преседан бидејќи еднаш е поразен на комисија (АФЕТ).

– Сега на пленарна седница, што е само по себе преседан. Но, за ова е само потврда дека онаа голгота што ја поминуваме 25 години откако почна нашиот пат, и 20 години како кандидат продолжува и дека сите оние во минатото кои мислеа дека ќе стават потпис на некоја национална отстапка и дека ги завршуваат сите грижи биле измамници кон граѓаните, не велам дека тие не биле измамени, можеби верувале дека ќе биде нешто испорачано но тоа не ја намалува болката на граѓаните бидејќи тие ставиле потпис без да ги прашаат граѓаните и сега цената ја плаќаат граѓаните со тоа што денеска беа сведоци за создавање на нова „модерна“ нација и нов македонски „модерен“ јазик – рече премиерот Мицкоски.

Тоа потврдува, потенцира тој, дека не бил проблемот промената на Уставот, туку идентитетот, суштината на овој народ, јазикот.

– Нели беа бетон. Некако бетонов распука, и тоа го видовме сите во лулката на Европа видовме како распукува бетонот – рече премиерот Мицкоски.

Ние сме малубројни, но, како што потенцира тој, имаме поинаков ментален склоп и стратегија.

– Нашата стратегија беше да покажеме дека ние сме тие со вредности, чест и образ, ако сме малубројни. За жал, многу поголеми од нас денеска излегоа без чест и образ во срцето на Европа во Брисел, тие кои што имаат обид да го редефинираат нашиот македонски идентитет и да го редефинираат нашиот македонски јазик кодифициран пред 80 години, прифатен од ОН – рече Мицкоски.

Премиерот рече дека е најлесно да се излезе од преговорите и од институциите, но дека не е одговорно зашто резултат може да се постигне само ако се бориме од внатре.

– Затоа што само од внатре ако се борите може да ги направите потребните чекори. Ние нема да ги направиме оние чекори како од 2008 година после ветото во Букурешт… Не. Ќе бидеме антипод на тоа. Ние се бориме и ќе се бориме. Последните информации се дека на 8 или 9 јули дека ќе биде. Ќе се бориме и до тогаш. Не знам дали ќе успееме. Успеавме денеска. Успеавме во таа голема намера да покажеме дека не е промената на Уставот последна. Тоа е почеток на еден процес кој што нема да има крај. И ние ќе се бориме од внатре. И знам дека за идните генерации ќе оставиме добра подлога. Барем јас додека ја предводам Владата, нема да се чуствува Македонија понижена – рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска пресуда за убиството на Вања и Панче
Следна Статија Дали Apple го купува „убиецот“ на Google за милијарди долари?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на нестабилно време со дожд и грмежи. Според синоптичарите, утре во…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова што се случува сега и цело лето ќе продолжи, затоа што некој има интерес – но тие ќе бидат поразени

Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево рече дека и натаму ќе се случуваат вакви работи и понатаму, затоа што,…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Честитка од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан до новоизбраниот Папа Лав Четиринаесетти

Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод изборот на новиот Папа Лав Четиринаесетти. -Ни…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се доврши споменикот на Мајка Тереза на плоштад Македонија кој е дивоградба

Министерството за култура ќе го доврши споменикот на Мајка Тереза, кој е дивоградба и го блокира влезот на Плоштадот Македонија…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?