Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе се води во Основен кривичен суд Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе се води во Основен кривичен суд Скопје
ХРОНИКА

Судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе се води во Основен кривичен суд Скопје

Објавено June 25, 2025 18:59
Сподели
Сподели

Советот за казнени дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска донесе одлука со која Основниот кривичен суд Скопје е определен како стварно и месно надлежен за водење на судскиот процес поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

–Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи Основниот кривичен суд Скопје, стои во соопштението на Врховен.

Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Во пожарот што се случи на 16 март годинава животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителката Стојковиќ за таткото на Вања: Немавме докази „во форма каква што би посакале“
Следна Статија Од 5 јули побрзо поминување граница со Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Масовна тепачка пред прилепската болница, 13 лица приведени

Прилепската полиција приведе 13 лица по масовна тепачка пред градската болница „Борка Талески“ во Прилеп. Физичката пресметка била меѓу две…

September 19, 2025
ХРОНИКА

Нема траги на насилство, покажал првичниот извештај за смртта на младата Македонка во Солун

Млада жена од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун, откако нејзиното семејство со денови не…

July 8, 2026
ХРОНИКА

Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште

Со пиштол на дијаболи во текот на вчерашниот ден било повредено девојче во училиште на подрачјето на општина Чаир, информираат…

January 25, 2025
ХРОНИКА

„Состојбата е стабилна, но опасна по живот“ – вели Мерџаноски за ученикот кој беше прободен во училиште воЧенто

Директорот на Итна помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопјe, Игор Мерџаноски, изнесе детали за здравствената состојба на ученикот…

May 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?