Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки
ПОЛИТИКА

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки

Објавено June 26, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните дека по нивната победа ќе дојде подобар живот. Наместо тоа, Македонија денес е држава во длабока економска и социјална криза, со пад на животниот стандард и осиромашени граѓани, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови и граѓани во Свети Николе.

„Ветуваа подобар живот во горда Македонија. Но, Македонија денеска е понижена држава, со понижени работници, со економија која оди во амбис поради погрешните политики на владата,“ рече Филипче.

Тој посочи дека вистинската слика не се крие зад табели и статистики.

„Ги слушам со отчет и бројки за економијата во кои никој не верува. Денес има само неколку факти кои ги рушат сите нивни лаги. За 20% е намалена купвната моќ на граѓаните. Ние сме претпоследна земја по минимална плата во Европа и последна по куповна моќ. Граѓаните ова го знаат и го чувствуваат, се останато што говори Владата е чиста манипулација,“ истакна Филипче.

Тој алармираше и за, како што рече, огромното задолжување кое Владата го прави без никаква транспарентност.

„Креираа долг од 7 милијарди евра кои ќе го враќаат нашите деца за сопствени бизнис проекти. Пари позајмени без контрола кои ќе се доделуваат на компании по нивен избор. Се случува грабеж на столетието за кој кога тогаш ќе мора да одговараат,“ рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Уапсен најбараниот наркобос во Еквадор, се криел во бункер под кујната
Следна Статија (Видео) Аргентинците не знаат да губат – се степаа фудбалерите на Ривер и Интер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан…

September 21, 2025
ПОЛИТИКА

На Јакимовски анкетите му биле добри ама не знае дали ќе се кандидира за уште еден мандат

Градоначалникот на Карпош Стевчo Јакимовски тврди дека според анкетите добро стои меѓу граѓаните но се уште не знае дали ќе…

August 10, 2025
ПОЛИТИКА

Томовски: СДС да не штити приватни бизнис интереси вредни половина милион евра, Антикорупциска да отвори случај

Ја разбирам нервозата во редовите на СДС која потекнува не само поради политичката неинвентивност и алчност, туку пред сѐ, поради…

January 22, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Карпошани избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?