Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево
ХРОНИКА

Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево

Објавено June 26, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи насилство во семејниот дом во населба Драчево, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена во 2021 година.

-Додека мајката приготвувала јадење, а оштетеното дете си играло со нејзините сестри, во еден момент се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките. На тоа обвинетиот се вознемирил и започнал да му се обраќа на детето со груби навреди. Потоа започнал да манифестира и физички насилно однесување кон оштетеното дете, удирајќи ја ќерката со шлаканици по лицето. На тој начин и нанел телесни повреди – набиеници и гребаници со крвни подливи, а продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие, информира Обвинителството.

Бидејќи се уште постојат законските основи и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител со обвинението поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Аргентинците не знаат да губат – се степаа фудбалерите на Ривер и Интер
Следна Статија Првиот пик на драфтот Далас го искористи за Купер Флег

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почнаа и добиток да крадат: Приведени крадци во Боговиње

На 11.11.2024 во 12.40 часот во с.Долно Палчиште, општина Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода…

November 12, 2024
ХРОНИКА

Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување…

March 22, 2026
ХРОНИКА

Затворен патот Струмица – Ново Село поради сообраќајка

Сообраќајна несреќа го затвори магистралниот пат од Струмица во Ново Село. „Од 14:10ч. сообраќајот на магистралниот пат А4, Струмица –…

November 9, 2025
ХРОНИКА

Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“

Член на организираната криминална група „Беланоца- Барон“, за која вчера Обвинителство поднесе обвинение за повеќе тешки кривични дела извршени во…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?