Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставен суд ги УКИНА РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ, ама ќе важи за следниот ПОПИС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставен суд ги УКИНА РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ, ама ќе важи за следниот ПОПИС
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд ги УКИНА РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ, ама ќе важи за следниот ПОПИС

Објавено June 26, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Уставен суд утврди неправилности при изведување на ПОПИС 2021г., но донесените акти кои се укинувачки ќе важат дури за следниот. Укинати се категориите РЕЗИДЕНТНО и НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ, кои директорот на ДЗС ги вметнал надвор од своите надлежности, за што има и лична одговорност за овој подзаконски акт. Во превод, ова е за жал, некакво си „Соломонско“ решение на Уставен со кој Пописот од 2021-та ќе куртули од поништување.

Во известувањето се вели:

Во предметот У.бр.251/2025 кој опфаќа одредби од спроведената Методологија за пописот од 2021 година информираме дека Уставниот суд со мнозинство гласови ги укина:

Дел II „Општ дел“ точка 5 потточка 1 во делот „„Вкупно резидентно население“ го сочинуваат следните лица – единици на Попис“ и потточка 2 во делот „„Вкупно нерезидентно население“ го сочинуваат следните лица – единици на Попис“ од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.

Судот оцени дека означените делови од Методологијата, не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок- владеењето на правото, кое е уредено со член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска сите прописи да се усогласат со законите и Уставот, уредена со член 51 од Уставот, потоа членовите 6, 7 и 17 став 2 алинеја 1 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година.

Уставниот суд оцени дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт (Методологијата) извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување, бидејќи Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година, не предвидува категоризацијата на населението да се разработи со подзаконски акт.

Поради фактот што станува збор за укинувачка, а не поништувачка одлука, Судот напоменува дека Одлуката ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник (за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина), но нема да важи ретроактивно-за веќе спроведениот попис од 2021 година“, се вели во соопштението на Уставен суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најбогатите 1% од луѓето за 10 години го зголемиле своето богатство за 34 трилиони долари
Следна Статија Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните најмногу се жалеле за пасошите, информира Народниот правобранител за 2024

Најголемиот број поднесени претставки до Народниот правобранител минатата година (408 или 15,08 проценти) биле од областа на граѓанските состојби, каде…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајанов: Напредокот на Македонија е далеку пред Албанија, Србија и Црна Гора

Лидерот на Демократскиот сојуз – Павле Трајанов во „Само вистина“ говорејќи за трнливиот европски пат на државава рече дека Македонија…

May 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинителите од СЈО зеле милионски бонуси: Јанева и соработниците без отчет, истрагата продолжува

Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра од државната каса, а никој не даде отчет за сработеното, ниту…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот

Додека светот е потресен од војни, насилство и нестабилност, Институтот за економија и мир го објави најновиот Глобален индекс на…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?