Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наставниците се ослободуваат од непотребни административни обврски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Наставниците се ослободуваат од непотребни административни обврски
МАКЕДОНИЈА

Наставниците се ослободуваат од непотребни административни обврски

Објавено June 26, 2025 18:03
Сподели
Сподели

Во време на забрзана дигитализација на образованието и воопшто на општеството, нема потреба наставниците да пополнуваат едни исти податоци на две различни места. Донесовме одлука отсега да не внесуваат описни оценки во главната книга, со оглед дека еднаш тие податоци се наведени во електронскиот дневник и одлуката е поздравена од 24 илјади наставници, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

„Административното работење ќе се одвива во дигитална форма и тоа е голем чекор во образовниот систем и во работeњето на наставниците, кои всушност тоа и го чекаа од нас како нова владина гарнитура. Ова можело да се сработи и досега, да се овозможи податоците електронски да се преземаат од е-дневникот, но не било сработено од претходните министри“, рече Јаневска.

На прашањето зошто се менуваат правилниците за ангажирање на образовни асистенти, посочи дека во државата постои недостиг на ваков кадар и затоа се проширува нормативот со звања со кои стручни лица можат да се пријавуваат на конкурсите.

„Со измените на правилниците, за образовен асистент може да аплицира лице кое стекнало звање специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, семејнолог, наставник по одделенска настава, односно лице кое ги исполнува условите за наставник во одделенска настава и наставник по предметна настава со завршено образование и со стекнати најмалку 240 кредити или завршено најмалку високо образование со траење од четири години“, информираше Јневска.

Напомена и дека сите образовни аситенти пред да се вклучат во обрзовниот процес на учениците со попреченост, ќе посетуваат обуки и курсеви, кои како што посочи, во минатото ги немаше.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Барса се враќа на реновираниот „Камп ноу“
Следна Статија Цената на нафтата на светските берзи паѓа, дали се очекува намалување и кај нас?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Цела ноќ седев во полициска станица: Се огласи Аца Лукас по инцидентот во Кавадарци

Пејачот Аца Лукас се огласи прв пат по инцидентот кој се случи во Кавадарци, за време на неговиот настап. Имено…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно

Во рамки на годинешната прослава на Бадник, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно денеска напладне ќе биде…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на чело на македонската делегација на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија

Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово. Седницата ќе започне во 12:00 часот, а претходно…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?