Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Задоволен сум од првите 100 дена, покажавме дека може да се работи посветено за граѓаните, без скандали и афери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Задоволен сум од првите 100 дена, покажавме дека може да се работи посветено за граѓаните, без скандали и афери
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Задоволен сум од првите 100 дена, покажавме дека може да се работи посветено за граѓаните, без скандали и афери

Објавено October 3, 2024 13:17
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од првите 100 дена нова Влада од секторот здравство истакна:

„Апсолутно сум задоволен и тоа го кажавме на почетокот од оваа прес-конференција. Дали може подобро? Секогаш може подобро, секој може подобро, сите ние можеме подобро и тоа суштината на Владата, да од ден на ден биде подобра од претходниот ден. И така ќе биде сѐ додека е оваа Влада“.

Тој смета дека сето она коешто беше проблем во општеството полека, но сигурно веќе го нема и апсолутно е многу подобро.

„Веќе нема скандали, нема братучеди, браќа, внуци и слично. Нема голобради момчиња коишто шетаат по институциите со торби и слично и се главни инвеститори во трговски-деловни единици во центрите на градовите ширум државата. Ако има такви ја повикувам јавноста слободно и луѓето коишто се жртви на такви измамници да пријават. Така што мислам дека полека но сигурно сето она коешто беше проблем во општеството го нема, не велам дека е решено, не е возможно за 100 дена да се реши сѐ. Ние не сме магионичари нити магии ветувавме, нити чуда затоа што тој што ветува чуда и магии не ја говори вистината. Но, дали е подобро? Апсолутно е многу подобро. Дали може подобро и од ова? Секој ден може подобро. Ако ова прашање ми го поставите после две години за првите две години, ќе ви речам беше добро, но може подобро. Така што, целта е да секој ден биде подобар од претходниот. Дали ќе направиме некоја ненамерна грешка, и тоа ќе се случи. Затоа што човек што работи понекогаш и греши. Само што тој што ништо не работи, не може да погреши. Така што битно е да нема катастрофални грешки, да нема грешки коишто ќе имаат импликации подолгорочни“.

Претседателот на Владата, Мицкоски потенцираше дека е прилично задоволен од тоа што е постигнато овие 100 дена и додаде:

„Ќе ве потсетам, уште еднаш ќе повторам, мора да ги повторуваме овие работи. Сметката на Владата на 24 јуни 2024 година за првпат во историјата на независна Македонија беше минус 200 милиони евра, минус 12 милијарди денари. Овој месец очекуваме да биде на позитивна нула. Ете тоа е она што ние го работевме. Повторно ќе кажам, дали е тоа доволно? Не! Утре ќе биде подобро, за месец дена ќе биде подобро, за една година ќе биде подобро. Дали можеше подобро? Сигурно дека можеше! Дали можеше многу полошо? Можеше! Видовме што е, како е лошо раководење со држава. Така што јас сум исклучително задоволен и од работата на министерот и од ова што се случува во овие први 100 дена имајќи предвид каква состојба затекнавме“, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров
Следна Статија Кривична пријава против Стевчо Јакимовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Магла на Плетвар и во Тетово, Струмица и Делчево

Намалена видливост поради магла има на планинскиот превој Плетвар до 50 метри и во градовите Тетово до 100 метри, Струмица…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Бехтел и Енка со силна подршка за гаснење на пожарот кај Алинци

Пожарот на депонијата кај Алинци конечно е ставен под контрола. Благодарение на силната подршка со расположливата механизација и човечки ресурси…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Се враќаат 8 пациенти од лекување, 9 се пуштени од болниците во Скопје, 4 критични имаат подобрувања

Четворица пациенти кои вчера се вратија од Шпанија се испратени дома во одлична здравствена состојба, додека едниот пациент од Атина…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Во текот на денешната работна посета на општина Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања се осврна на зголемувањето…

January 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?