Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гугл воведе опции против кражба на телефони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Гугл воведе опции против кражба на телефони
ЗАБАВА

Гугл воведе опции против кражба на телефони

Објавено October 8, 2024 08:47
Сподели
Сподели

Гугл објави нови опции дизајнирани да ги заштитат паметните телефони кои работат на Андроид од кражба, односно заштита на податоците во случај некој да го украде телефонот. Иако овие опции беа претставени пред речиси пет месеци, тие дури неодамна почнаа да се појавуваат на некои модели на Андроид.

Според информациите од корисник на Reddit, две такви опции, „Theft Detection Lock“ i „Offline Device Lock“, сега се достапни на неодамна претставениот телефон Xiaomi 14T Pro. Третата опремена опција, „Remote Lock“, не се појави на овој уред, но е достапна на некои други Андроид.

Се очекува овие опции наскоро да се појават и на други телефони со оперативен систем Андроид.

Веројатно најинтересната опција во која се користи вештачката интелигенција (AI) се однесува на препознавање на вообичаените движења поврзани со кражба. На пример, ако некој одеднаш ви го одземе телефонот од рака и почне да трча или брзо вози со велосипед или автомобил, вештачката интелигенција ќе заклучи дека можеби е кражба и ќе го заклучи екранот на телефонот за да не може крадецот да пристапи до содржината на телефонот.

Опцијата „Offline Device Lock“, како што сугерира името, го заклучува телефонот кога е исклучен од мрежата, пренесува Zimo.

Иако опцијата „Најди го мојот уред“ на „Гугл“ им овозможува на корисниците да го заклучуваат телефонот од далечина, „Далечинско заклучување“ го дозволува истото, но без користење на лозинка на Google или во случај опцијата „Најди го мојот уред“ да биде исклучена. Google вели дека само вашиот телефонски број е доволен за да ја активирате оваа опција.

Google не објави никакви конкретни информации за тоа кога овие опции би можеле да се појават на поголем број телефони, но според досегашното искуство можеме да очекуваме дека нема да се појавуваат за сите истовремено, туку постепено ќе станат достапни на различни модели.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тачи потврди: Јас и ДПА веќе не сме дел од „Европскиот фронт“
Следна Статија Студено утро, сончево и потопло во текот на денот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ФОТО) Ноле на имотот во Војводина одгледува лаванда

Тенисерот Новак Ѓоковиќ изгради замок во селото Павловци во Војводина.Неговата оаза на мирот се наоѓа во живописното село Павловци, на…

October 30, 2024
ЗАБАВА

Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ патува за Штип

По незаборавните вечери во Охрид и Делчево, музичкиот караван Македонијо, во срце те носиме сега патува кон градот под Исарот,…

September 2, 2025
ЗАБАВА

Парижани на референдум одлучија да добијат 500 нови пешачки улици

Околу 65,96 отсто од жителите на француската престолнина го поддржаа предлогот, додека 34,04 отсто беа против, според официјалните резултати од…

March 24, 2025
ЗАБАВА

Скопјанката Агнеса Русомаровска (12) ја воодушеви публиката во „Карнеги хол“ во Њујорк

На натпреварот American protege кој што се одржува секоја година во Карнеги Хол, Њујорк, на 27ми декември 2024 настапи и…

January 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?