Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
МАКЕДОНИЈА

Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан

Објавено June 27, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Еврокомесарката за проширување Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје ќе има средба со лидерите на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски, посветена на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот на ЕУ за раст за регионот. 

Како што соопшти денеска Европската комисија, покрај премиерот Мицкоски на средбата со Кос ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. 

Во најавата се посочува дека Планот за раст за Западниот Балкан нуди придобивки за шесте земји кои се подготвуваат за членство во ЕУ, па на состанокот ќе биде разгледан напредокот и ќе се дискутира за следните чекори во неговото проведување. 

– Лидери ќе работат со комесарката Кос за да ги претворат обврските во акција, фокусирајќи се на критични реформи за ослободување на средствата во рамките на Планот за раст и за обезбедување видливи придобивки за граѓаните на земјите кандидати уште пред зачленувањето (во ЕУ), се наведува во соопштението. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европската комисија наведува дека Самитот ќе биде можност и да се разговара за соработката меѓу шесте земји во области како што се заштитата на потрошувачите, туризмот и единствениот регионален пазар, со цел унапредување на економската интеграција на Западниот Балкан во Единствениот пазар на ЕУ.  

– Како дел од дискусиите, Комисијата ќе предложи и инвестициски пакет од 87,7 милиони евра во рамките на постојната Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ). Се очекува овој пакет да привлече речиси половина милијарда евра приватни инвестиции во проекти за чиста енергија низ целиот регион, се додава во најавата. 

Планот за раст на Западниот Балкан, кој го промовираше Европската комисија во октомври 2023 година, има за цел да го поттикне економскиот раст на регионот и да им помогне на западнобалканските земји да се приклучат кон ЕУ.  

Тој предвидува средства од шест милијарди евра за финансирање на реформи и инвестиции во области, како што се енергетиката, транспортот и дигиталната трансформација. Целта на овие средства, кои ќе се исплаќаат во форма на грантови и позајмици под поволни услови, е зголемување на просперитетот и стабилноста на регионот на Западниот Балкан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрова: „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик
Следна Статија МУЦУНСКИ: Од позиција на климање со глава, се вративме на патот на самопочит, стабилност и влијание

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно ни е единство за Македонија и важните прашања

„Се побара средба, јас веднаш одговорив, доколку се има некаков план за волја на вистината немаше таков план, таква реторика…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДУИ ја осудува трагедијата во Кочани, бара праведна и транспарентна истрага

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Седумдневна жалост по повод трагедијата во Кочани

Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води ОЈО, не владата, во време на СДСМ невозможна мисија беше истрага против член на влада и актуелен градоначалник

Обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани, а не владата и токму обвинителството кажува кој ќе биде опфатен и…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?