Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе не поддржи, вели Димитриевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > На местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе не поддржи, вели Димитриевски
ПОЛИТИКА

На местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе не поддржи, вели Димитриевски

Објавено June 28, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите истакна дека до средината на јули неговата партија ќе ги обелодени кандидатите за градоначалници.

– Ние досега неколку пати потврдивме дека ЗНАМ на овие избори ќе учествува со кандидатски листи за советници самостојно како нов политички субјект. И тоа е добро за нас, да се провериме каде сме и како е нашата доверба. И дополнително со свои кандидати за градоначалници во сите оние општини кои ќе излезат како резултат на преговорите со нашите политички партнери, а тоа во овој случај е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои тие ја предводат. Сметам дека веќе до средината на јули ќе се знае епилогот од тие преговори. Разговараме за поголем број на општини кои не се концентрирани во една изборна единица или во еден регион, туку пошироко низ државата и штом ќе заврши тој разговор, би ги обелодениле резултатите, рече Димитриевски пред почетокот на панел-дискусијата „Посветеност – Отчетност – Резултат“, по повод одбележувањето една година учество на Движењето ЗНАМ во Владата.

Тој соопшти дека на местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе преземаат обврска да го поддржат нивниот кандидат уште во првиот круг и обратно.

– Дополнително тоа би значело дека таму каде што ќе има ЗНАМ свој кандидат за градоначалник, нашите партнери од ВМРО-ДПМНЕ ќе преземаат обврска да го поддржат уште во првиот круг. На останатите места каде што нашите партнери би имале кандидат, ЗНАМ со своето членство и своите поддржувачи би ги поддржело нивните кандидати. Овде зборуваме исклучиво за кандидати кои се квалитетни луѓе, докажани во својата сфера на делување и познати во јавноста. За имињата ќе разговараме дури откако ќе заврши епилогот на преговорите со нашите политички партнери, рече Димитриевски.

Актуелниот кумановски градоначалник нагласи дека би поддржале кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градот Скопје. Потенцира дека тоа зависи и од името на кандидатот за градоначалник и од политичкиот договор на партијата.

– Да, апсолутно. Првенствено, зависи од името и презимето на кандидатот и секако од политичкиот договор на партијата. Спецификата на локалните избори секогаш е граѓаните колку и да се политички определни, сепак кога се работи за градоначалник, секогаш се одлучуваат спрема личноста многу повеќе отколку кон политичкиот субјект кој го предлага. Но, во секој случај сепак политичката поддршка многу значи во самата кампања, рече Димитриевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски на средба со бугарскиот колега Караџов: Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за „Еразмус+“

СДСМ побара разрешување на в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, и целосна истрага за наводните…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

Владата негира дека троши државни пари за политичката кампања

Владата ги отфрли , како што велат, изнесените невистини и обиди за манипулација од страна на СДСМ и Левица околу…

September 9, 2025
ПОЛИТИКА

Реџепи: Има повици за војна со Албанците

Скендер Реџепи од опозицискиот Европски фронт рече дека нема да ја поддржи декларацијата, оценувајќи дека е само празен лист што…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во слепа улица

Оваа Влада го изгуби компасот за само шест месеци и ја води државата во слепа улица, она од што лично…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?