Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата
МАКЕДОНИЈА

„Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата

Објавено June 28, 2025 21:35
Сподели
Сподели

Бараме од институциите да побрзаат со постапките против осомничените за трагедијата, нашите починати чеда заслужуваат правда и не сакаме ова да биде уште една трагедија што ќе остане заглавена во административните архиви, порачаа родителите на загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ на денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани.

Колоната на единаесеттиот протестен марш, што почна во 18 часот и 5 минути, ја мина вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар, кон зградата на Општина Кочани. Со свирежи и гласни извици пред Полициската станица и пред Основниот суд и Јавното обвинителство во Кочани, родителите го искажаа незадоволството од текот на постапката.

-Одговорните во институциите да ја сфатат нашата неизмерна загуба со која живееме секој ден и да постапат побрзо. Сите докази веќе им се во рацете, снимките, нашите сведоштва, сѐ што видовме со свои очи таа кобна вечер. Зошто сѐ уште нема одговорност, до кога ќе чекаме одговор од ОЈО ГОК? Тие имаат толку многу докази од сведоци, од нас директно како сведоци и од камерите за видеонадзор. Тоа се докази кои водат до одговорност на Министерството за внатрешни работи и на институциите кои требаше да се грижат за јавниот ред и мир и за безбедноста. Нашите ангели заслужуваат правда сите, а ние ја заслужуваме вистината, затоа ве молиме побрзајте со постапките, слушнете ја нашата болка за ова да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, истакнаа родителите на собирот пред Јавното обвинителство.

Побараа одговорност од полицијата и од обезбедувањето во „Пулс“ кои, како што рекоа, не реагирале навреме, но и одговорност поради, според нив, недоволната подготвеност на противпожарните екипи и несоодветната опременост и недоволниот персонал во болницата во Кочани.

Како одговор на обвинувањата на социјалните мрежи родителите рекоа дека нивните реакции не се под влијание на ниту една политичка партија, со забелешка дека никој од лидерите на партиите од власта и од опозицијата досега не дошол за да им изрази сочувство.

Родителите на починатите ги отфрлија и обвинувањата дека тие се одговорни за трагедијата со тоа што им дозволиле на децата да одат во „Пулс“. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој 50-ти Албанец во Британија е во затвор, британски пратеник бара од Рама да си ги прими назад криминалците
Следна Статија Протестите во Белград „издишаа“, само 36.000 на улиците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство

Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на порталот МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во…

July 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Историски ден за Македонците во Албанија, усвоена резолуција од страна на ЕФА

Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски едногласно усвоената Резолуција „Заштита…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради протест

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен денеска во Скопје поради протест, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Како…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска се очекува да ја поднесе својата оставка, откако…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?