Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција
ХРОНИКА

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Објавено June 29, 2025 13:07
Сподели
Сподели

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун – Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Камионот со кој управувал 34-годишниот македонски државјанин, вчера кусо по 16 часот се судрил со автомобил во кој се превезувало четиричлено семејство, а животот го загубија 44-годишен маж и неговиот 13-годишен син, додека пак сопругата и другиот син на возраст од девет години се полесно повредени.

По несреќата, за извлекување на патниците интервенираше противпожарната служба со девет пожарникари и три возила, како и службата на брзата помош од Солун со две возила, седум спасувачи и еден лекар.

Според информациите на МИА од Грција, возачот на камионот откако беше уапсен бил изведен пред јавен обвинител и со усна наредба на обвинителот бил ослободен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВРЕДИ: ДУИ молчи за тоа со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот во 2021 година
Следна Статија Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Струмичанец пукал со воздушна пушка и погодил дете

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.М.(65) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство…

December 14, 2025
ХРОНИКА

Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“

Мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомничениот – вработен во едно од обвинетите правни лица и мерки на…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Финансиска полиција поднесе кривична против бизнисмен, го оштетил буџетот на државата за 11 милиони денари

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител…

January 22, 2025
ХРОНИКА

Возел со 1,80 промили алкохол

На 13.03.2025 во 01.35 часот на крстосницата на магистралниот пат Кичево – Охрид со улицата „Железничка“ во Кичево, полициски службеници…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?