Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ бара одговорност за недостигот на терапија за болните од рак на белите дробови на Онкологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ бара одговорност за недостигот на терапија за болните од рак на белите дробови на Онкологија
ПОЛИТИКА

СДСМ бара одговорност за недостигот на терапија за болните од рак на белите дробови на Онкологија

Објавено June 30, 2025 12:43
Сподели
Сподели

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагира на состојбите во здравствениот сектор во земјава, конкретно на Клиниката за онкологија, откако викендов 64-годишна жена која се лекува од рак на белите дробови излезе со наводи дека на Клиниката нема терапија за оваа тешка болест.

Главниот влез на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија / Фото: Архива
Ставот на социјалдемократите го соопшти Елена Радеска од комисијата за здравство на СДСМ, која за состојбата во здравството, што ја оцени како катастрофална и нечовечна, ја обвини владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

„Додека министрите заедно со уште по минимум 5 до 10 луѓе од кабинетите патуваат на скапи службени патувања, пациенти со рак умираат во неизвесност, без основна хемотерапија, без лек. На Клиниката за онкологија нема лекови за пациентите со рак на бели дробови – ниту класична хемотерапија, ниту неопходната биолошка терапија како што е лекот ‘ерлотиниб’ (erlotinib), која е недостапна на клиниката од средината на мај. Скоро месец и половина“,рече Радеска.


Според неа, во случајов не станува збор за бирократски попуст, туку за загрозување на човечки животи додека надлежните се занимаваат со други теми.

„Министерот нема поим што се случува, ‘мисли’ дека лековите се пристигнати, и продолжува да се занимава со криминалниот проект на неговиот претходник за тендерот за паркинг места. Додека пак директорот на Универзитетската клиника за радио терапија и онкологија радиотерапија признаваат дека ‘понекогаш недостигаат лекови’ но не преземаат ништо. Лековите ги нема, а пациентите страдаат. Тоа е вистината“,рече таа.


Радеска во таа насока постави и неколку прашања, односно како може во 2025 година и покрај сите ветувањата на актуелната власта онколошките пациенти да бидат оставени без терапија, и како е можно е лекот „ерлотиниб“ кој е на листата на основни лекови на Светската здравствена организација (СЗО) да не е достапен кога земјава како држава членка на Обединетите нации е потписничка на здравствени повелби.

Таа праша и зошто нема итен план за набавка на лековите од кои зависат животите на пациентите кои се лекуваат од оваа тешка болест.

Говорејќи во име на опозициската партија, Радеска рече оти бараат и очекуваат Владата, директорот на Фондот за здравство и новиот министер за здравство уште во текот на денешниот ден да обезбедат хемотерапија, а Министерството за здравство јавно да соопшти каде е проблемот и кој ќе сноси одговорност за, како што кажа, оваа хумана катастрофа.

„Бараме гаранции за непрекинат третман за сите пациенти со рак. И конечно одговорност, и тоа онаа иста одговорност на премиерот што нема да поштеди никого. А што ние до сега не ја ни видовме. Здравството не е трошок. Тоа е обврска! Животот нема алтернатива! Затоа, не прифаќаме молк! Не прифаќаме празни ветувања! Одговорност мора да има!“,рече Радеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Горивата поевтинуваат од полноќ
Следна Статија (ВИДЕО) Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова: Образованието е иднината, имаме план за финансиски стабилни училишта, мотивирани наставници и современи програми за учениците

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одржа трибина посветена на образованието, како еден од најважните приоритети за развој на Град Скопје и…

September 10, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најавува и поширок опозициски фронт – наскоро нови имиња во врвот на СДСМ

Нови имиња но и нова проширена опозициона платформа најави првиот опозиционер Венко Филипче . Во врска со внатрепартиските преструктуирања иако…

November 5, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски многу лаже!

„Христијан Мицкоски лаже. Од сите премиери во светот, од сите премиери во Европа има само еден, и тоа е на…

March 9, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ: Без извинување, без оставка – понижувањето на албанските службеници продолжува

Премиерот сè уште нема побарано извинување за неоснованите и навредливи обвинувања што јавно ги упати кон албанските службеници во Министерството…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?