Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За Филипче, извештајот на ЕП каде се говори за вековен македонски идентитет е лош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > За Филипче, извештајот на ЕП каде се говори за вековен македонски идентитет е лош
ПОЛИТИКА

За Филипче, извештајот на ЕП каде се говори за вековен македонски идентитет е лош

Објавено June 30, 2025 17:33
Сподели
Сподели

Новиот Извештај на Европскиот парламент е практично најлошата оценка што нашата земја ја добила изминатите повеќе од една деценија. Во Извештајот јасно се посочува загриженост за нападите врз новинарите, мизогинија, неказнивост и сѐ поголемо ширење на омраза и дезинформации, порача денеска лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче на прес-конференција во седиштето на партијата.

Лидерот на опозициската СДСМ вели дека во Извештајот на Европскиот парламент е посочено дека се осудува присуството на средби и состаноци, на кои, како што рече, се кроеле планови за воспоставување на сфери на влијание и поткопување на суверенитетот на други земји и стабилноста на регионот во целост.

– Ова го нотира Извештајот преку формулацијата дека владата поддржува таканаречен српски свет, а Европската унија го осудува присуството на средби и состаноци на кои се кројат планови за воспоставување на сфери на влијаење и поткопување на суверенитетот на други земји и стабилноста на регионот во целост. СДСМ од првиот ден, говореше дека оваа влада ја става државата во заложништво на други држави. Покрај опасното задолжување со директни заеми, политиките се водат под диктат на други земји кои имаат преголемо влијание врз оваа влада, а сега тоа сѐ повеќе се гледа и практично се потврдува, рече Филипче.

Во Извештајот, додаде, стои дека Северна Македонија е тешко погодена од странско мешање и дезинформациски кампањи, вклучувајќи хибридно закани, сомнителни финансиски текови и принудни инвестициски практики со потекло од Русија и од Кина.

– Понатаму, се говори дека Европската унија е алармирана за улогите на Унгарија и на Србија во напредување и ширење на геополитичките цели на Русија и Кина на Балканот. Во тој контекст во Извештајот се забележува ризикот од зависност од Кина преку асиметрични заеми, како што е последниот заем од Унгарија, за кој се чини дека е набавен од Кина, рече Филипче.
Владата, додаде, ја изолирала државата со воздржаното гласање за Европската резолуција за Украина. Според Филипче, таквиот потег претставува дипломатски срам и скандал, којшто е ноторна во Извешрајот на ЕУ.

– Владата ја изолираше Македонија, која единствено се воздржа од гласање за Европската резолуција за Украина. И тој е практично дипломатски срам и дипломатски скандал, кој го нотираат сите стратешки партнери, а сега стои во Извештајот. Јасно укажавме дека за првпат Македонија гласа надвор од контекстот на заедничка, безбедносна и надворешна политика со Европската унија. Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ подолго време имаат увид за тоа дека ваков ќе биде Извештајот каде Европската унија практично со длабоко разочарување и многу директно истакнува дека македонската влада е сега за првпат неусогласена со заедничката безбедносна и надворешна политика на Европската унија. Знајќи ги сите овие сериозни критики од Европската унија, ВМРО-ДПМНЕ, по мене, што прави, реактуализира националистички теми со цел да ги поклопи овие критики од Европската унија. Такви теми им одговараат, практично се игра пинг-понг со бугарските власти, нешто што може да им одговара на двете страни за да ги зајакнат своите позиции само на домашен терен, рече Филипче.

Според него, ако до вчера единствен  услов за продолжување на европскиот пат на земјава биле добрососедските односи и затворање на прашањата со соседите, сега, рече, на површина излегуваат многу посериозни теми.

– Македонија веќе во очите на многу држави во Европската унија е перцепирана како држава која подржува геополитички и регионални интереси на држави како Србија, Унгарија, Русија и Кина. Сите ние сега треба да си го поставиме прашањето — дали со ваквите потези кои се прецизно нотирани во Извештајот од Европската унија, европската интеграција останува само декларативна заложба на владата и на ВМРО-ДПМНЕ или можеби работат на некоја нова алтернатива, нов правец во кој што се движиме, нагласи Филипче.

Повеќе од 43 милиони евра се неискористени, додаде лидерот на опозициската СДСМ, посочувајќи дека Владата не го оправдува, ниту пак, како што рече, го става во функција авансираат од 52 милиони евра од Планот за раст.
– Министерство за економија нула реформи, Министерство за правда нула закони цела година, Министерство за енергетика нула проекти, еден закон, којшто на крајот со амандмани е направен спротивно на препораките на Европската унија. Министерство за дигитализација, единствено тоа, и тоа се реформи кои што се практично подготвени во наше време и сега нешто успеаја да испорачаат. Огромни суми на пари, достапни од ЕУ, не се искористени, што од неспособност, што од немање интерес на оваа влада, подвлече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема
Следна Статија  Во Албанија за пет месеци престојувале 3,4 милиони странци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сам себе го гласал: Независниот кандидат Бакиу освои само еден глас на изборите во Арачиново

Во Општина Арачиново, каде што секогаш изборите знаат да бидат бурни и тесни, се случи нешто што ретко се гледа…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ќе прави саем за отчет на градоначалниците

Одговорноста и отчетноста пред граѓаните се врвен императив на ВМРО-ДПМНЕ и водилка во сите процеси на партијата, тврдат од оваа…

August 22, 2025
ПОЛИТИКА

Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна…

February 23, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Една година Влада на ВМРО ДПМНЕ – понижени работници со најниски плати во Европа

За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?