Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ништо ново: Кос ни порача дека Европа не може да биде обединета без Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ништо ново: Кос ни порача дека Европа не може да биде обединета без Западен Балкан
МАКЕДОНИЈА

Ништо ново: Кос ни порача дека Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

Објавено July 1, 2025 11:41
Сподели
Сподели

Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан, им порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос на лидерите на земјите од Западен Балкан денеска во Скопје. Таа истакна дека за Европската унија значаен е проектот за градење на независна Европа, Европа во која граѓаните одлучуваат за нивната иднина. Но, какошто рече Кос за да се реализира ова треба да се зајакне конкурентноста, да се брани демократијата од надворешни непријатели, во свои раце да се земе безбедноста на континентот и последните чекори се унификација на Европа, а тоа значи зголемување, проширување врз основа на заеднички вредности и принципи.

-Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан. Слушам слични мислиња во Копенхаген, Данска го презема претседателството денеска во Берлин, во Варшава и во Париз и го подвлекувам ова, затоа што сакам бидам јасна дека има јасен консензус за дополнително и идно проширување, сега. Не беше така во минатото, но имате шанса, што морате да ја искористите, нема да трае секогаш и гледаме значаен прогрес, рече Кос.

Таа го истакна напредокот на Албанија, Црна Гора, Босна Херцеговани и Србија. Посочи дека Албанија отвори три кластери, во последните шест месеци, со што какошто рече „придонесовте на успехот на процесот на проширување“.

-Доколку продолжиме вака ќе можеме да ги отвориме сите кластери годинава и какошто ви кажав вчера едвај чекам да го прославиме отварањето на кластерите. Црна Гора во петокот затвори уште едно поглавје и во Босна и Херцеговина реформската агенда се усвои и чекаме да се формира нова Влада. Господине, Курти вие навистина вложивте многу енергија во процесот на пристапување и веќе продолжуваме напред во Србија. Се надевам дека ќе можеме одиме понатаму. Но, ова е процесот на проширување. Сега сме тука за Планот за раст, драг Христијан ви кажав дека сме успешни и се разнежувам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е многу драг, рече Кос во своето обраќање.

Еврокомесарката за проширување, Кос додаде дека сака да помогне за да се премине преку целта.

-Знам дека клучните реформи, коишто ги бараме од вас не се едноставни. Тие задираат закоравени структури на интереси, на моќ и на многу начини бараат длабока општествена темелна трансформација и потребно е лидерите да ја водат оваа промена, порача Кос.

Таа во своето воведно обраќање изрази и сочувство за настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

-Многу млади животи беа загубени, а многу други беа повредени, а некои се уште се лекуваат по болниците. Често пати мислам за жртвите и за повредните и за тоа како ништо не е поважно од семејството и од заедницата. Добро е да се знае дека во овие тешки моменти, други Европејци, европската заедница можат да дадат помош и механизмот на Европа веднаш координираше испраќање на повредените, кои беа лекувани во болници во Шведска, Шпанија, Литванија, но вашите соседи беа тие, Србија, Грција и Бугарија, коишто први одговорија и згрижија многу од повредените. Европа покажува солидарност за секого, рече Кос.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рама од Скопје : Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ
Следна Статија (ВИДЕО) Голем пожар во Кочани, изгореа три автобуси и едно комбе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Срамота: Смрдеа, расфрлано ѓубре е сликата со која се соочуваат туристите во центарот на Скопје (ВИДЕО)

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски сподели видео на својот Фејсбук профил од катастрофалната состојба во која се наоѓа кејот…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пет години сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Денес, со посебна чест и гордост, бевме дел од одбележувањето на петгодишнината од пристапувањето на Македонија во НАТО, стратешка цел…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по повод Денот на полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција

Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?