Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Електронски свидетелства од наредната учебна година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Електронски свидетелства од наредната учебна година
МАКЕДОНИЈА

Електронски свидетелства од наредната учебна година

Објавено July 1, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Од наредната учебна година наместо печатени, свидетелствата од завршени одделенија во основно образование ќе бидат во електронска верзија и дигитално ќе бидат преземани од средните училишта во кои учениците ќе се пријават за упис.

Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека и во овој момент тоа е овозможено преку системот е-дневник, но ќе почне да се применува од идната година откако населението ќе биде повеќе информирано и подготвено за овој дигитален процес.

-Децата и родителите де факто и немаат потреба да го имаат свидетелството во раце освен што тоа е некаков начин да се дружат, да се пофалат, да се израдуваат, па некои и да се разочараат и да вложат повеќе труд … Не го правиме тоа оваа година затоа што не можеме туку затоа што огромен број наши ученици и родители не знаат како тоа да го направат, особено во рурални средини каде нема опрема и интернет. Дигиталната писменост треба да се поткрене на повисоко ниво. Очекувам дека следната година барем над 90 проценти ќе може да се заврши така, иако системот и сега е подготвен за тоа, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настан во Македонската банкарска асоцијација.

Во врска со иселувањето и колку тоа влијае на намалување на бројот на првоодделенци, Јаневска кажа дека точниот број на првачиња кои годинава се запишале во македонските училишта ќе биде познат во септември кога е второто пријавување и тогаш, рече, „ќе може да ги коментираме бројките на евентуално намалување или пораст во одредени општини“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!
Следна Статија Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Менкиноски: Фактите и европските институции јасно покажуваат дека прашањето кое го отвораме не е антибугарско

Контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски на социјалните мрежи отворено се спротивстави на кандидатурата на адвокатот и борец за правата на…

November 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за случајот Кочани: Оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со досегашниот тек на случајот со пожарот во Кочани, по…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минчев: Со Академијата за јавна администрација ќе поставиме нови стандарди во јавната служба

Со формирањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници за прв пат во историјата на државата, системски…

October 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната сесија на пратенички прашања во Собранието рече дека се испитува дали граничниот…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?