Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори
МАКЕДОНИЈА

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Објавено July 3, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот дискурс и во развојот на стратешките дебати поврзани со меѓународната позиција на земјата, стои во соопштението од Советот на амбасадори.

Таа беше избрана на позицијата на редовното годишо Собрание на организацијата. Покрај Наќева Ружин, за потпретседатели на амбасадорскиот совет избрани се амбасадорите Азис Положани и Зоран Јолевски. Во Извршниот одбор се избрани и амбасадорите Ѓорѓи Филипов, Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Нано Ружин, Елеонора Петрова-Митевска и Тихомир Илиевски, а за главен координатор е назначен амбасадорот Ивица Боцевски, соопштија од Извршниот одбор на Советот на амбасадори.

Членовите на Советот ги разгледале резултатите од своето работење по поднесувањето на Годишниот извештај од досегашниот претседател, амбасадорот Ѓорѓи Филипов, кому му била изразена благодарност за неговата посветеност и ангажман во изминатиот двегодишен мандат. Собранието оценило дека Советот на амбасадори продолжува со активна и влијателна улога во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот дискурс и во развојот на стратешките дебати поврзани со меѓународната позиција на земјата.

– Моделот на функционирање на Советот и постигнатите резултати ја потврдуваат неговата посветеност на стратешките државни интереси, без разлика на политичките или етничките разлики меѓу членовите — принцип кој може да служи како позитивен пример за слични организации во земјата и регионот, истакнува Советот на амбасадори.

Новата претседателка на Советот на амбасадори Наќева Ружин, е експерт по јавни и корпоративни финансии и поранешна амбасадорка со над 25 години истакната кариера во Министерството за финансии, дипломатијата, академијата, меѓународните финансиски институции и корпоративниот финансиски сектор. Покрај амбасадорка во Кралството Шведска, извршувала клучни извршни и советодавни функции во земјата, меѓу кои: државен и специјален советник во Министерството за финансии и во Град Скопје, генерален директор и финансиски директор на финансиска институција национален координатор на Платформата за учење од далечина и координатор на пензиската реформа, а работела и како консултант на Европската комисија, Светската банка, Шведскиот институт и Меѓународната телекомуникациска унија. Имала водечка улога во преговарачкиот скрининг процес со ЕУ во економските области, вклучително поглавјето оданочување и областите управување со јавните финансии и економски критериуми. Била претседател на Европската бизнис асоцијација и член на управните одбори на Стопанската комора на Македонија, Претседателството на Постојаниот суд за арбитража, Советот на странски инвеститори, Фондот за осигурување на депозити и Националното биро за осигурување. До изборот за претседател, ја извршуваше функцијата генерален секретар на Советот на амбасадори.

Наќева Ружин е доктор по економски науки и магистер по јавни политики и менаџмент (Summa Cum Laude) од Универзитетот во Питсбург, САД. Предавала јавни финансии и индустриска организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а била и гостин предавач на Универзитетот во Лидс, Стокхолмската бизнис школа, Универзитетот во Питсбург и Економскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе трудови во областа на фискалната политика, децентрализацијата и дигиталното образование, и е добитничка на повеќе признанија во Македонија и странство, вклучително и меѓународната награда на Универзитетот во Питсбург за 2016 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Магариња пред Собранието во Косово
Следна Статија ,,Силви Бенд” ќе одбележи 35 години музика со концерт со симфониски оркестар на Античкиот театар во Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: Македонија се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе

Властите на Македонија вложуваат значителни напори, но земјата се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на средби со француски министри, во фокусот евроинтеграцијата и зајакнување на билатералната соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Париз денеска остварил средба со…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи

Колку сме поединствени, толку ќе бидеме поотпорни на било какви предизвици. Верувам во регионалното единство и повикувам на јасен, силен,…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР предупредува: Се очекуваат обилни врнежи

Од УХМР известуваат дека под влијание на циклонска активност започнувајќи од вечерните часови, како и за време на ноќта, се…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?