Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До каде оди криминалот: Крим техничар од шкаф на работа украл 25.000 евра и злато од 50.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > До каде оди криминалот: Крим техничар од шкаф на работа украл 25.000 евра и злато од 50.000 евра
ХРОНИКА

До каде оди криминалот: Крим техничар од шкаф на работа украл 25.000 евра и злато од 50.000 евра

Објавено July 4, 2025 12:35
Сподели
Сподели

На 03.07.2025 во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник Д.С.(51) од Гостивар, поради основи на сомневање дека сторил кривично дело казниво по член 353 и 354 ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ од КЗ.

-Тој, од шкафот во полициската станица, каде чувал предмети одземени при претреси на кои присуствувал како вработен во крим-техника во ПС Гостивар, украл околу 25.000 евра и златен накит вреден околу 50.000 евра. Увид во објектот на Полициската станица Гостивар извршил јавен обвинител од ОЈО Гостивар, во присуство на увидната екипа и раководството на ОВР Гостивар. Исто така, во 20.30 часот на улица ,,18-ти Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Ш.(32) од Гостивар, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,прикривање“ односно вршел откуп на украдениот златен накит, информира МВР.

По добиена судска наредба, биле извршени претреси во домови и помошни простории на Д.С. и И.Ш., при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела.

Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Наталитетот во 2024 година паднат на 8,8%, оваа Влада не го премолчува проблемот и се бори со него
Следна Статија Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицијата уапси убиец кој пред две години избегал од штипскиот затвор

Денеска околу 07:10 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек потрага во с. Манастирец,…

October 23, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Десет килограми марихуана скриена во кутии од еурокрем и павлака

Неофицијално, полицијата на Граничниот премин Дојран спречила обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, внимателно сокриена во пластични пакувања…

May 20, 2026
ХРОНИКА

Единаесет месеци затвор за родител, кој тепаше двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“ на натпреварот со „Шкупи“

Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци…

October 27, 2025
ХРОНИКА

Едногодишно бебе во болница откако се затруло со лекови

Едногодишно дете од липковското село Отља се затруло со лекови, соопшти денеска кумановската полиција. Случајот во СВР Куманово го пријавиле…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?