Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија
СПОРТ

Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија

Објавено July 4, 2025 16:13
Сподели
Сподели

Португалскиот фудбалски репрезентативец Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва ќе бидат погребани в сабота во родниот град Гондомар, во близина на Порто.

Голем број луѓе се собрани пред локалната црква каде утрово почна бдеење пред утрешната погребна церемонија која ќе почне во 10 часот по локално време.

Британските медиуми објавија дека сè уште не е јасно дали семејството ќе се одлучи за приватен или јавен погреб, но се очекува да присуствува и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза.

Жота (29) и неговиот брат Андре Силва (26) загинаа ноќта меѓу среда и четврток во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора, кога нивниот автомобил излетал од патот.

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека автомобилот се запалил и дека пламенот набрзо се проширил на блиската вегетација.

Според детали од истрагата, Жота, кој настапуваше за Ливерпул и неговиот брат Силва, кој го носеше дресот на португалскиот второлигаш Пенафиел, загинале околу половина час по полноќ, откако на нивниот автомобил се дупнала гума додека се обидувале да престигнат друго возило.

Браќата го почнале патувањето од Порто и планирале со брод да пристигнат во Англија каде Жота требаше да им се приклучи на своите соиграчи во Ливерпул за подготовките за новата сезона.

Шпанските медиуми објавија дека Жота неодамна бил подложен на мала операција и лекарите му советувале да не патува со авион. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадинов со јавен повик до струмичани, еве што подготвува
Следна Статија Трамп ќе организира УФЦ борба во Белата куќа за независноста на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Братот на Никола Јокиќ осуден во Америка

Страхиња Јокиќ, постариот брат на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, доби условна казна од 12 месеци за напад врз навивач за…

October 11, 2025
СПОРТ

Пирло му ги блокирал картичките на синот затоа што се обложувал

Италијанските медиуми последниве денови интензивно известуваат за обложувачки скандал во кој наводно се вмешани 12 сегашни и поранешни играчи во…

April 16, 2025
СПОРТ

(ФОТО) Маријана Ѓорѓиевска, првата Македонка која што се искачи на Хималаите!

Македонката Маријана Ѓорѓиевска од Прилеп го искачи врвот Исланд Пик на Хималаите од страната на Непал, и е првата Македонка…

November 3, 2024
СПОРТ

Енис Барди се сели кај Ристовски и Адеми

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди не добива шанса во Трабзонспор и конечно во јануарскиот преоден рок ќе ја промени средината.…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?