Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ирска: Осуммина осудени за над два тона кокаин вреден 157 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ирска: Осуммина осудени за над два тона кокаин вреден 157 милиони евра
СВЕТ

Ирска: Осуммина осудени за над два тона кокаин вреден 157 милиони евра

Објавено July 4, 2025 20:00
Сподели
Сподели

Осум лица се осудени на затворски казни од 13,5 до 20 години за учество во најголемата заплена на наркотици во историјата на Ирска, јави ДПА.

Во септември 2023 година, ирската армија пронајде над 2,2 тона кокаин на бродот „Матју“, со вредност од 157 милиони евра.

Шестемина обвинети, уапсени на бродот, ја признале вината за поседување кокаин со намера за трговија, а уште двајца признале вина по нивно апсење на чамец со кој требало да се префрли дрогата.

Обвинетите се од различни држави – Холандија, Иран, Филипини, Украина и Велика Британија.

Ирската национална полиција соопшти дека овие пресуди се „јасна порака“ дека Ирска не е лесна цел за меѓународни криминални мрежи.

„За сите инволвирани во трговија со дрога, пораката е јасна: државата со целосен капацитет и меѓународна поддршка ви стои на патот. Ве очекуваат долги казни, заплена на имот и специјални истраги“, се наведува во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација
Следна Статија Продолжува расколот во СДСМ – Галетановски до Фрчкоски: Седи раат троши си ги парите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Богатите во паника: Швајцарија гласа за воведување 50% данок на наследство

Швајцарските граѓани денес излегуваат на еден од најконтроверзните референдуми во поновата политичка историја на земјата: гласаат за воведување федерален данок…

November 30, 2025
СВЕТ

(Фото/Видео) Леден циклон ја погоди Европа, измерени -35 степени

Северна Европа викендов е под удар на силен циклон, со екстремно низок воздушен притисок. Циклонот донесе обилен снег и бурни…

December 15, 2024
СВЕТ

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската…

June 15, 2025
СВЕТ

Смртоносни поплави во јужен Таиланд по обилни врнежи

Таиланд се бори со сериозни монсунски поплави додека тимовите за спасување евакуираат луѓе низ повеќе провинции. Загинале повеќе од десетина…

November 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?