Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација
БАЛКАН

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Објавено July 4, 2025 19:10
Сподели
Сподели

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација и поделби.

Според новоусвоените измени на Законот за внатрешни работи, резервниот состав ќе се активира во случаи на јавен неред и кризни ситуации. Владината коалиција под контрола на Милорад Додик го изгласа законот по итна постапка.

Министерот за внатрешни работи на РС, Синиша Каран, го оправда потегот со недостиг на околу 1.000 полицајци од постоечките 5.500 и истакна дека резервниот состав нема да надминува 20 отсто од активната полиција и ќе носи оружје само кога тоа е неопходно.

Опозицијата обвини дека Додик се обидува да формира „преторијанска гарда“ за лично обезбедување и одржување на власта.

Премиерот на Федерацијата БиХ, Нермин Никшиќ, го оцени потегот како „опасен и провокативен“ и најави дека Федерацијата ќе одговори со ист чекор – формирање сопствен резервен состав. Министерот за внатрешни работи на Федерацијата БиХ, Рамо Исак, изјави дека Додик ја губи довербата во активната полиција и сака да ја замени со лојални кадри.

Од ЕУ посочија дека ваквите еднострани чекори се контрапродуктивни и ги повикаа властите да вложат во зајакнување на постоечките полициски капацитети, особено во контекст на отпочнатите преговори за членство на БиХ во ЕУ.

Осуда пристигна и од британската амбасада во Сараево. Амбасадорот Џулијан Рејли изјави дека формирањето резервни сили е непотребен чекор што го зголемува ризикот од конфликти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија
Следна Статија Ирска: Осуммина осудени за над два тона кокаин вреден 157 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип во Албанија

За еден месец, по појавата, птичјиот грип во Албанија згасна неколку живинарски фарми, кои главно се наоѓаа во областа Рашбул,…

April 5, 2025
БАЛКАН

Нема кој да ги бере мандарините во Хрватска

Мандарините веќе се жолти, но прашањето е: дали има некој да ги бере? Освен берачи, потребни се и работници во…

September 17, 2025
БАЛКАН

Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна, Србијо запамети го тоа

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, на јавно реагираше дека студентите на вечервашниот протест во Белград на плоштадот Славија…

June 29, 2025
БАЛКАН

Сараево утрово е најзагаден главен град во светот

Сараево утринава сè уште е на прво место на листата на најзагадени главни градови во светот, со индекс на квалитет…

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?