Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Укинат притворот на Додик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Укинат притворот на Додик
БАЛКАН

Укинат притворот на Додик

Објавено July 5, 2025 10:35
Сподели
Сподели

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вчера доброволно се појавил во Обвинителството на Босна и Херцеговина, во придружба на неговиот адвокат, на сослушување како осомничен во врска со истрагата за сомневањата дека сторил кривично дело напад врз уставниот поредок, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина. Веднаш по солушувањето, укината му е претходно изречената мерка притвор, пренесува РТРС.

Додик три месеци одбиваше да се појави во Обвинителството на БиХ, поради што по него беше распишана потерница и му беше одреден еден месец притвор.

Лидерот на босанските Срби ќе мора да се јавува во полициската станица Лакташи на секои 15 дена.

Осомничениот беше особено предупреден дека може повторно да му биде одреден притвор ако ги прекрши обврските, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на БиХ.

По сослушувањето, Додик потврди дека дал изјава на барање на државното обвинителство.

Доброволно се согласив да дојдам во Судот на Босна и Херцеговина и по час и половина добив одлуки за укинување на притворот и за откажување на налозите за претрес во Босна и Херцеговина и во странство. Секако, ова е случај што ќе продолжи, рече Додик.

Тој објасни дека има обврска да се јавува на секои 15 дена во полициската станица Лакташи во близина на Бања Лука каде што има регистрирано живеалиште, а исто така рече дека е „уморен од сè“.

Освен Додик, Обвинителството на БиХ води истрага и против претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ, по кои е издадена потерница и одреден е притвор. Тие сè уште имаат статус на бегалци од правдата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Продолжуваме да ја градиме Македонија
Следна Статија Ненадејно почина млада наставничка од Илинден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ВИДЕО: Земјотресите уништија една од најпознатите плажи на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој…

February 6, 2025
БАЛКАН

Во Хрватска започна бојкот на продавници и бензински пумпи поради високите цени, маркетите речиси празни (ВИДЕО)

Во Хрватска денеска започна најавениот бојкот на продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените. Иницијативата, која…

January 24, 2025
БАЛКАН

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека…

September 10, 2025
БАЛКАН

Зошто балканските криминалци се кријат во Дубаи?

Дубаи станува сигурна „лука“ за криминалците од регионот. Овој, речиси непознат град пред триесетина години стана нова дестинација за луѓето…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?