Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Хрватска започна бојкот на продавници и бензински пумпи поради високите цени, маркетите речиси празни (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Хрватска започна бојкот на продавници и бензински пумпи поради високите цени, маркетите речиси празни (ВИДЕО)
БАЛКАН

Во Хрватска започна бојкот на продавници и бензински пумпи поради високите цени, маркетите речиси празни (ВИДЕО)

Објавено January 24, 2025 09:23
Сподели
Сподели

Во Хрватска денеска започна најавениот бојкот на продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените. Иницијативата, која потекнува од Фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите (ECIP), доби поддршка од здруженија за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од министерот за економија.

Повикот за бојкот се споделуваше на социјалните мрежи изминатите денови: „На 24 јануари во Хрватска се организира бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат граѓаните на тој ден да не купуваат ништо, апсолутно ништо. Подгответе се за тој ден како да е недела“, стои во пораките.

Податоците покажуваат дека потрошувачките цени во Хрватска, мерени според HICP, во декември 2024 година пораснале за 4,5 проценти во споредба со истиот месец од претходната година, што е највисок раст од мај. Хрватска е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација, по Романија (5,5 проценти) и Унгарија (4,8 проценти).

Министерот за економија, Анте Шушњар, ја поддржа иницијативата и истакна дека Владата работи на проширување на списокот на производи со ограничени цени. Во меѓувреме, и опозициските партии го поддржаа бојкотот, критикувајќи ја Владата дека не презела ништо за да ја контролира инфлацијата.

„Граѓаните мораа да ги земат работите во свои раце затоа што Владата не направи ништо за да го ограничи растот на цените“, изјави Сабина Гласовац од СДП.

Сандра Бенчиќ од „Можеме!“ додаде дека опозициските предлози за намалување на инфлацијата биле игнорирани од премиерот Андреј Пленковиќ, додавајќи дека „оваа инфлација може да се нарече Пленковиќева инфлација“.

Од друга страна, пратеникот на ХДЗ, Никола Мажар, изјави дека Владата ќе продолжи да работи на одговорни економски политики и ја поддржа одлуката на граѓаните за бојкот.

Што се однесува до структата, економистите се главно скептични за оваа иницијатива. Економскиот аналитичар Дамир Новотни изјави за Хина на почетокот на неделата дека ниту организираните потрошувачи ниту владата не можат да влијаат на трендовите на инфлација.

– Потрошувачите може еден ден да се организираат и да ги бојкотираат трговците на мало. Меѓутоа, во пазарно ориентирани економии, колективните потрошувачки акции немаа никакво влијание врз инфлацијата, така што нема да има ниту најавениот бојкот на хрватските потрошувачи, па дури и ако е масовен, смета Новотни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кошаркарски гениј: Неверојатен кош на Никола Јокиќ и нов трипл-дабл (ВИДЕО)
Следна Статија Планирале терористички напади, уапсени четири лица кои формирале терористичка ќелија по теркот на ИСИС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Додик слави и пее по победата на Трамп

По коктелот по повод победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, претседателот на Република Српска Милорад Додик со најблиските соработници со…

November 6, 2024
БАЛКАН

Судир во Подгорица меѓу „аудито“ на сестрата на Мило Ѓукановиќ и „мерцедес“ од придружбата на премиерот Спајиќ: полицијата истражува дали е намерно предизвикан

Црногорската полиција истражува сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот околу 10.30 часот во Подгорица. „Мерцедес“ од придружбата на премиерот…

March 26, 2025
БАЛКАН

Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ

Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како…

November 3, 2024
БАЛКАН

Курти без мнозинство по изборите во Косово, ги повика сите партии на соработка

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика сите партии да работат заедно за да се стави крај на 18-месечниот политички ќорсокак…

June 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?