Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството со жалба за куќниот притвор на мотоциклист кој го прегази Југослав на пешачка патека
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителството со жалба за куќниот притвор на мотоциклист кој го прегази Југослав на пешачка патека
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството со жалба за куќниот притвор на мотоциклист кој го прегази Југослав на пешачка патека

Објавено July 5, 2025 17:02
Сподели
Сподели

Обвинителството поднело жалба за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера отвори истражна постапка против возачот на мотоцикл кој се сомничи за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Од Обвинителство, исто така, информираа дека кај нив лицето е евидентирано со една пресуда за насилство како малолетник и една за непочитување на здравствени прописи во време на ковид-кризата.

Осомничениот, како што претходно објави Обвинителството на 1 јули годинава управувал мотоцикл „Кавасаки“ без истакната регистарска табличка на задниот дел, по пешачката патека покрај зграда на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“. Возел преку површина наменета за движење на пешаци, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

-Иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, осомничениот се согласил со нејзино настапување и кога дошол во близина на зградата, брзината на движење на моторот не ја приспособил. Освен тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото, информира ОЈО Скопје.

За осомничениот Обвинителство бараше притвор поради тоа, како што велат, избегал од местото на несреќата и извесен период бил недостапен, што за јавниот обвинител е потврда за опасноста тој повторно да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода.

Освен тоа, како што велат од ОЈО Скопје, станува збор претходно осудувано лице, кое и на критичниот ден направило две кривични дела едно по друго, што упатува на опасноста тој да го повтори делото или да стори друго кривично дело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчезна 14-годишно девојче
Следна Статија Германските пиварници во криза: Огромен пад на потрошувачката на пиво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките,…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Двајца загинати во тежок судир утрово на патот Прилеп-Битола

Две лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Давитковски: Укинувањето на балансерот е донесен од страна на претходната влада со усвоената Стратегија за јавен сектор

„Укинувањето на балансерот е од претходните години. Прво извештајот на Европската Унија што беше каде се укажува дека балансерот предизвикува…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи,…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?