Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заврши рехабилитацијата на Пониква за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Заврши рехабилитацијата на Пониква за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група
ЗДРАВЈЕ

Заврши рехабилитацијата на Пониква за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Објавено July 5, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Првата група од 45 повредени лица во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани ја заврши рехабилитацијата во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква.

На почетокот на идната недела ќе пристигне нова група која овде ќе добива двонеделна медицинска нега и физикална терапија, а ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои веќе им завршило лекувањето.

-Во тек е дезинфекција на просториите во објектите каде престојуваа лицата, а се прска и против комарци, со што се прават подготовки за втората група повредени. Во план е во вторник тие да пристигнат на Пониква и да се сместат во одморалиштето, а веќе е подготвен и списокот за третата група за рехабилитација. Престојот на планина им годи на повредените млади луѓе и тоа позитивно влијае за нивната рехабилтиација – и физички и психички. Дел од нив продолжуваат со подготовки за полагање на испитите на факултетите, а оние кои претходно биле работно ангажирани веќе се чувствуваат подготвени да се вратат на своите работни места. Едно момче кое беше повредено во пожарот во „Пулс“ се пријавило на огласот да биде волонтер во Доброволното противпожарно друштво во Кочани, истакна Катерина Мирчовска, директорка на Општата болница со проширена дејност во Кочани.

За рехабилитацијата на повредените на Пониква се грижат лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип кои им ја обезбедуваат потребната здравствена нега и физиотерапевтските вежби. Скоро сите повредени спроведуваат физички активности и ги користат опремените спортски игралишта, а вклучени се вклучени и во системот „Мој термин“. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОПЕК+ ќе го зголеми производството на нафта и покрај заситеноста на пазарот
Следна Статија Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Секој десетти човек над 40 години има ХОББ

Пушењето и загадувањето на воздухот се главните причини за појава на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ). Неопходно е да се…

November 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на…

May 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Несовесното лекување било систематско, не случајно, смета обвинителството во случајот „Онкологија“

Здравиот има многу желби, а болниот само една, а тоа е да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба во…

September 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

МЗ: Констатирани се неправилности во работата на Стоматолошката комора

Во врска со денешната прес-конференција на Стоматолошката комора, Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека одлуката е донесена врз основа…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?