Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари
ЕКОНОМИЈА

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Објавено July 6, 2025 21:09
Сподели
Сподели

Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски „БТР 80“, „Хермелини“ и „Пинцгауери“ кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување. Работеа инженери на овој проект. Резервоарите се од 1,5 метар кубен до 6, исто така се со вградени пумпи со различна „коњажа“, пумпи со различна можност, притисок итн и навистина тоа делува импресивно. Кога зборувавме со луѓето од Армијата колкав терен тие би можеле да покријат, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила кога би се распределиле би изгасиле пожар-рече премиерот Мицкоски во гостувањето на Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија.

Тој потенцираше дека оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинело државата ништо, туку тоа било направено од општествено одговорни компании, а ако едно вакво возило чини 400 илјади евра, тогаш тоа значи дека заштедени се неколку десетици милиони евра од буџетот.

Од друга страна отпочнат е огласот за вработување на 400 нови пожарникари. Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени да влезат во овој процес. Оваа единица, армиските хеликоптери и хеликоптерите на полицијата, а на тоа додадени и Ер тракторите, еден е вратен од сервис, другиот се враќа оваа недела, а третиот до крај на јули, ценам дека сме подготвени доколку оваа година се случат пожари да ги совладаме-истакна премиерот Мицкоски и дополни дека направените промени ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) 38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите
Следна Статија Ноле во Србија од херој до омразен поради „пумпањето“ за српската опозиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во декември лани повисоки за 63,1 милион евра во однос на ноември

На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат…

January 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател

Сојузот на стопански комори на Македонија од денеска има ново раководство. Централниот регистар го заведе Горан Ѓорѓиевски како нов претседател…

September 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина…

October 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека денес е последниот ден за поднесување на ДДВ - 04 мсечни и тримесечни…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?