Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
ЕКОНОМИЈА

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Објавено July 7, 2025 08:19
Сподели
Сподели

 Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025. Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае десет дена. Поднесени се над 200 амандмани. 

Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи. 

Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава.  Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти.Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент. Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1 проценти во 2025 година, а стапката на вработеност да достигне 47 проценти.

 Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница и за Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година  и за Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце
Следна Статија Денеска е голем празник: За многу години „Иванден“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Управата за јавни приходи континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни…

August 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Првпат по десет години, три милиони невработени во Германија

Бројот на невработени во Германија во август се искачи за 46.000 на 3,025 милиони, објави денеска (29.08) Сојузната агенција за…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од утре во Битола продажба на државни комерцијални станови, метар квадратен ќе чини 1.000 евра

Од утре (понеделник) ќе започне продажба на државни комерцијални станови каде метар квадратен ќе чини илјада евра. Како што викендов…

February 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Хакери упаднаа во системот на Министерството за економијa

Хакери упаднаа во системот на Министерството за економија и труд. Вработените останаа без пристап до интернет и без пристап до…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?