Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МЗ: Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МЗ: Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени
МАКЕДОНИЈА

МЗ: Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени

Објавено July 7, 2025 08:51
Сподели
Сподели

Министерството за здравство соопшти дека по пожарот што синоќа зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.

-Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот. Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран, наведуваат од Министерството за здравство.

Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата, стои во соопштението овбјавено доцна синоќа.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа соопшти дека е под контрола пожарот во населбата Геге во општина Ѓорче Петров кој се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.

-Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Веднаш беше пристапено кон евакуација на пациентите и персоналот, кои беа безбедно изнесени надвор. Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран на пожарот кај Блаце, општина Чучер Сандево, наведуваат од ЦУК.

Бригадата за противпожарна заштита, интервенирала во гаснење на пожарот над патот кон ГП „Блаце“ со пет возила и 20 пожарникари,  како и на два пожара во општина Ѓорче, кои се веќе локализирани, изјави вечерта за МИА командирот Ѕвонко Томевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во среда Европскиот парламент ќе гласа за извештајот за Македонија
Следна Статија Вештачката интелигенција направи хаос на Вимблдон, Русинка директно оштетена за гем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мајката на Вања продала стан па си купила возило и „затворила“ кредити

Во врска со продажбата на еден од становите, Зорица Ѓорчевска на денешното сведочење рече дека го продала за 83 илјади…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уште 12 повредени од Македонија префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници

На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка до Трамп за победата: Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на САД. -Во мое…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?