Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Првпат во европски извештај се спомнуваат македонскиот идентитет и јазик и покрај обидите на талибански начин да се избришат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Првпат во европски извештај се спомнуваат македонскиот идентитет и јазик и покрај обидите на талибански начин да се избришат
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Првпат во европски извештај се спомнуваат македонскиот идентитет и јазик и покрај обидите на талибански начин да се избришат

Објавено July 7, 2025 09:43
Сподели
Сподели

Никогаш порано во Европскиот парламент не се зборувало гласно и не се спомнувало во европски извештај за македонски идентитет и јазик. Првпат во изминатите 34 години идентитетот и јазикот се дел од извештај на известител за Македонија. Среќен сум што тој извештај го помина првиот филтер во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) и тоа ќе остане во институционална меморија на ЕП, и тоа не беше едноставно да се направи, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во дневникот на Сител, во врска со очекувањата за извештајот за земјава што наредните денови треба да се најде пред европарламентарците на пленарна седница.

Коментирајќи ги забелешките на опозицијата дека случувањата во ЕП во врска со јазикот и идентитетот се провокација од македонска страна и оти тие прашања веќе биле решени и фиксирани, Мицкоски вели дека „не може да зборува на оваа тема со национално исплакнати луѓе кои релативизираат се кога станува збор за националното, зашто нивен приорит е политичката позиција и можноста да управуваат со јавните финансии за да се богатат на грбот на народот“.

Тоа што извештајот помина на АФЕТ и ќе се најде пред ЕП, пред тие што на талибански начин ќе го поднесат амандманот за бришење на идентитетот и јазикот, значи дека тој ќе биде во овој облик како што помина на АФЕТ. Првпат европарламентарците во главниот град на Европа, Брисел, на маса ќе го имаат ова пред себе. Но, ќе се најде некој со талибански навики и залутан во политиката европарламентарец, кој ќе предложи таков амандман за бришење на јазикот и негирање на македонскиот идентитет и јазик, рече Мицкоски.

Според него, втората битна работа е што на сите им стана јасно дека во суштина проблемот не е во неколку стотина Бугари во Уставот.

Им стана јасно дека проблемот е многу подлабок и дека сето она што го зборуваме дека е направена историска штета излегува дека сме биле во право. Но, тоа не ја намалува нашата болка. Се поголем е бројот на наши сојузници кои ја сфаќаат првата вистина, не онаа вистина што некој сака да ја портретира и конструира. Низ оптиката на тие луѓе сега поинаку се гледа на овој случај зашто вакви работи во Европа во 21 век се сосема спротивни на европските вредности, вели Мицкоски.

Прашан што понатаму во однос на евроинтеграцијата на земјата, тој кажа дека „и понатаму ќе се обидуваме да докажеме дека нашето место е таму каде што се останати 27 членки на ЕУ и да пишуваме историја“.

Мора да се врати довербата кај македонскиот народ дека никој во иднина нема да му поставува какви било пречки и ултиматуми, оставајќи лузни на неговото ткиво. Ако тие не можат ова да го испорачаат, како ние можеме да веруваме дека промената на уставот е само формалност, а во суштина Бугарија понатаму не ќе може ништо да прави бидејќи ја претераа. Зарем не е претерување бришењето на идентитет и јазик? Ако тоа не е претерување, не знам што е, истакна Мицкоски.

Тој вели дека претходната влада презела обврски за кои им било укажувано дека е грешка.

Зошто ја презеле таа обврска не е битно – лекомислени политичари, алчни за позиции кои мислеле дека ќе останат подолго на тие позиции ако потпишат се што им е ставено на маса и ќе им се заборават другите гревови, дека ќе има инженеринг однадвор, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да победи и тие ќе си останат во владата. И донеле погрешна одлука, посочи Мицкоски.

Во врска со барањето за внесувањето на Бугарите во Уставот, вели дека има две дилеми кои се анализираат.

Прво, човекови права. Во многу извештаи на Советот на Европа нема показатели дека се нарушуваат човековите права кај нас. Второ – велат дека има 200 илјади Бугари, што е 10 проценти од населението, што може да доведе до нови барања за 10 проценти судии, обвинители, во јавната администрациа итн. Ако тоа не го испорачате ќе има ново вето, истакна Мицкоски.

Вели дека ако ние имаме обврски, има и Бугарија, која иако има потпишано меѓународни конвенции за човекови права, не ги почитува 14-те пресуди на Судот во Стразбур за нарушени права на Македонците во Бугарија, за признавање на ОМО Илинден Пирин како НВО, и затоа, како што наведува, „не нè сакаат и не признаваат македонски јазик и македонски идентитет“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)
Следна Статија БРИКС развива сопствен систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина, останете силни!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова испрати порака со поддршка до Босна и Херцеговина, по катастрофалните поплави што ја зафатија земјата. Таа…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните

Единството во Армијата и единството во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

„500 илјади заложници на една личност – Данела Арсовска“: Граѓански протест пред Град Скопје

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Издадена е наредба за приведување на уште седум полициски службеници, истрагата се проширува

Објектот „Пулс“ не бил познат само на полицијата, бил познат на целиот град. Бил познат ина локалната самоуправа, бил познат…

April 15, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?