Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација

Објавено July 7, 2025 12:54
Сподели
Сподели

Со целосната имплементација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси, правиме разлика. Од хаос кон систем. Од пристрасност кон дигитална евиденција. Од импровизација кон стратегија.

Оваа реформа ја носиме во време кога граѓаните одамна го изгубија трпението. И со право. Затоа што долго време имаше една логика- администрацијата како партиски плен, институциите како приватен имот. Ние градиме систем. А Информациониот систем за управување со човечки ресурси е значаен чекор, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешниот настан.

Мицкоски посочи дека со Информациониот систем за управување со човечки ресурси за прв пат во државата ќе има целосен и транспарентна слика за тоа кој каде е вработен, но и колкава плата добива.

„Преку овој систем, за првпат државата има целосна и транспарентна слика за тоа кој е вработен, каде, по кој основ, со кои квалификации, каква плата добива и дали е заслужена. Повеќе нема кумови, пријатели, советници по заслуга. Сега има податоци, перформанси и одговорност. Претходната власт не остави систем. Ни остави мрежа. Мрежа на влијанија, уцени, договорени функции и поставувања преку врски. Се криеја вработувања од јавноста. Се местеше документација. Луѓе без ден искуство раководеа со сектори. Тој модел го рушиме од корен. И на негово место градиме нов – праведен, транспарентен и контролиран систем.

Информациониот систем за управување со човечки ресурси е алатка, но реформата е политика која ние ја застапуваме. И ние таа политика ја водиме со јасен став- администрацијата не смее да биде партиска каса, туку државен сервис“, изјави тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека додека визија на Владата е јасна, а тоа е како што рече тој да создадеме професионална, стабилна и отпорна администрација. Да обезбедиме кариера, а не послушност

„Нашата визија е јасна- да создадеме професионална, стабилна и отпорна администрација. Да обезбедиме кариера, а не послушност. Да градиме луѓе, а не лојалности.

Ние сме влада што инсистира за гарантирана услуга- институцијата мора да одговори на граѓанинот во рок. Влада што отвори процес на идентификација на нерегуларности во администрацијата. Што постави контролен механизам за напредување според учинок. И што, најважно од сè, ја враќа довербата во институциите.

Затоа денес, преку ИСУЧР, покажуваме што значи владеење преку систем, а не преку влијание.

Додека некои создаваа работни места за своите, ние инвестираме во дигитални системи, во обука, во квалитетни кадри. Ние отвораме врати за секој млад професионалец што сака да работи за државата. И тоа е суштинска промена. Тоа е разликата меѓу нас и нив. Ние градиме, тие прикриваа. Ние дигитализираме, тие укинуваа конкурсни постапки. Ние реформираме, тие ја злоупотребуваа администрацијата“, објасни Мицкоски.

„Ќе завршам со порака што одамна требаше да биде реалност – јавната администрација не припаѓа на ниту една партија. Таа припаѓа на народот. Ваквите реформи го градат системот што го потврдува тоа. И ова е само почеток. Ќе продолжиме со реформи. Ќе воведеме автоматизирани процеси. Ќе изградиме целосен дигитален систем на управување со институциите. Модерната држава не може да постои со застарена администрација.

Граѓаните очекуваат брза услуга, одговорност и ефикасност- а не бирократска лавиринти и чекање со месеци. Администрацијата е лицето на државата. Ако тоа лице е неефикасно, затворено, арогантно или хаотично- тогаш и довербата во државата опаѓа. Во 21-от век, клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација. Без неа, секоја реформа е осудена на половичен успех.“, дециден е Мицкоски и додаде:

Ако сакаме европска Македонија, мора да имаме европска администрација. Не по имиња, туку по стандарди. Не по форма, туку по суштина.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга
Следна Статија Кумановецот Прпарим е кандидат за градоначалник на Цирих

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од 2 април мора да имате електронска дозвола за патување во Обединетото Кралство

Велика Британија имплементира нов систем за издавање електронски дозволи за патување. Овие дозволи, познати како ЕТА (Електронско овластување за патување),…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски за Atlantic Council: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на НАТО Самитот во Хаг, оствари интервју со етаблираниот…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Внимавајте: Поради магла е намалена видливоста на овие патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри…

January 22, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?