Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утринава разрешен од Путин, попладне пронајден мртов: Руски министер извршил самоубиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Утринава разрешен од Путин, попладне пронајден мртов: Руски министер извршил самоубиство
СВЕТ

Утринава разрешен од Путин, попладне пронајден мртов: Руски министер извршил самоубиство

Објавено July 7, 2025 17:58
Сподели
Сподели

Рускиот министер за транспорт, Роман Старовоит, кој утринава беше разрешен од функцијата со указ на рускиот претседател Владимир Путин, во текот на денот беше пронајден мртов во Одинцово, во Московскиот регион, откако извршил самоубиство, објавија московска „Известија“ и Рен ТВ, повикувајќи се на свои извори.

Како што објавува Инфо24, телото на функционерот е пронајдено во неговиот дом во Одинцово, во Московскиот регион. Според информациите од каналот 112, поранешниот гувернер на Курската област Алексеј Смирнов, кој претходно беше уапсен за проневера при изградба на заштитни објекти, претходно сведочел против министерот, по што Старовоит беше разрешен од функцијата.

Путин на местото на разрешениот Старовоит за вршител на должноста министер за транспорт денеска го назначи Андреј Никитин.

Старовоит од мај 2024 година беше задолжен за транспортниот оддел, а на таа функција дојде како гувернер на Курскиот регион, наведоа руските медиуми.

Бриселскиот портал „Политико“ тврди дека Путин го заменил Старовоит откако Украина за време на викендот го загрози рускиот воздушен сообраќај.

Руската влада не даде официјално објаснување за смената на Старовоит, но промената дојде откако украинските напади со беспилотни летала за време на викендот предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај во земјата, при што илјадници патници останаа заглавени на аеродромите поради откажани летови, пренесе бриселскиот портал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен Дејан Савичевиќ
Следна Статија Ќе има прецизни и таргетирани мерки за зголемената инфлацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Лунската Нова Година 2026: Година на Огнениот Коњ

Годината на Огнениот Коњ е тука - и милиони луѓе прославуваат со молитви, семејство и храна.

February 18, 2026
СВЕТ

Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски…

March 29, 2025
СВЕТ

Сијарто до Зеленски: Не можеш ти да одлучуваш кој ќе влезе во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека лидерот на киевскиот режим, Володимир Зеленски, нема право да одлучува кои…

October 7, 2025

Кардинал Пицабала: Ќе направиме сè можно за Газа

По неговата втора посета во рок од шест месеци на појасот Газа - првата по прекинот на огнот - латинскиот…

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?