Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола

Објавено July 7, 2025 23:14
Сподели
Сподели

Пожарот на територијата на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, се уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, се до Бутел, а регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи.

Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.

-Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки. Голема е вознемиреноста кај населението. Во раните утрински часови беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов, наведува ЦУК.

За утре е планирано акциите да почнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 10 јули пристигнува полна месечина во рак – носи среќа на некои хороскопски знаци
Следна Статија Светска банка назначи нова директорка за Косово и Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

Во Берово денеска беа одбележани 24 години од смртта на загинатите бранители во воениот конфликт 2001 година. Свежо цвеќе од…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ќе се произнесе по кандидатурите за републички јавен обвинител, откако тоа ќе го направи Советот на јавни обвинители

Сега постапката е да се произнесе Јавното обвинителство, односно Советот на јавни обвинители, да почекаме тие да се произнесат, а…

January 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор, спремни сме и мотивирани да ги реализираме капиталните проекти

Наша амбиција е да сме различни од претходните влади и да реализираме проекти, пред се инфраструктурни. Спремни сме и многу…

May 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минчев: 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа

Министерот за јавна администрација, Горан  Минчев, денеска ги презентираше клучните резултати и реформски потези. Тие според него  ја поставиле основата…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?