Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност
МАКЕДОНИЈА

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

Објавено July 8, 2025 09:08
Сподели
Сподели

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност.

По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на забелешките на Реактивната мониторигн мисија од минатата година.

Во нацрт-верзијата на самата одлука и овојпат се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација, со конкретен предлог регионот да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.

Во документот се повикуваат Македонија и Албанија да работат на зајакнување на прекуграничниот дијалог, и на високо институционално и на оперативно ниво, за да се обезбеди ефективно и одржливо управување со регионот.

Во делот посветен на македонската страна, меѓу другото се изразува жалење што нема напредок во изготвувањето Стратешка еколошка проценка за утврдување на кумулативните влијанија врз извонредната универзална вредност на заштитеното подрачје, повикувајќи ги надлежните институции што поскоро да ја изготват проценката на сите кумулативни влијанија од инфраструктурните и развојните планови и други големи проекти врз регионот и истата да ја достават до Центарот за светско наследство за разгледување од консултативните тела.

Во нацрт-документот повторно се бара од властите во Македонија итно и со целосно почитување на препораките за заштита на вредностите на регионот да ги суспендираат измените на Деталните урбанистички планови и одобрувањето на Локалните планови за развој надвор од населените места сè додека не се изготви Стратешката проценка, да ги изработат Генералните урбанистички планови за Охрид и Струга, како и инструментите за просторно планирање за неизградени области. 

Истовремено се бара неодложно да се спроведе систематска проценка, врз основа на јасни критериуми, на негативните влијанија од нелегалните градби, со носење одлуки за елиминација или ублажување на последиците од нив, вклучително и отстранување на нелегални градби или нивни делови.

Натаму, во документот се бара да биде доставена Студија за изводливост за планирањето на крајбрежната зона на македонскиот дел од Охридското Езеро како дел од мешовитото прекугранично светско наследство „Природно и културно наследство на Охридскиот Регион“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка во Холивуд
Следна Статија Најгласната тенисерка во светот е погласна од моторна пила и автомобилска сирена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност, истакна…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е чекор напред во визијата за Македонија како дигитална земја – со силна економија

Премиерот на Владата Христијан Мицккоски,денеска заедно со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, член на…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дел од семејствата на настраданите од „Пулс“ на средба во Обвинителството

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Го знам премиерот“ не поминува веќе, вели Мицкоски

Повеќе пати го кажувам тоа, а ќе го кажам и сега, нема полоша работа за една држава и за една…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?