Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница
ЗАБАВА

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

Објавено July 9, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Британската Кралска ковачница за пари објави комеморативни монети во чест на 50-годишнината од постоењето на легендарната англиска хеви-метал група „Ајрон мејден“ (Iron Maiden).

На тој начин, бендот им се придружува на другите изведувачи кои се нашле на официјална паричка. Во серијалот „Музички легенди“ на Кралската ковачница се прославија и „Квин“ (Queen), Елтон Џон и Дејвид Боуви. Изработен од уметникот пријател на „Ајрон мејден“ – Алберт „Акирант“ Квирантес, дизајнот на новите монети ја прикажува маскотата на составот – „Еди“, во динамична поза, но има и многу скриени детали.

– Дизајнирањето на паричката на „Ајрон мејден“ беше еден од највозбудливите проекти во мојата кариера… Сокрив неколку референци во дизајнот што вистинските обожаватели ќе уживаат да ги откријат, вклучувајќи суптилни алузии на класични уметнички дела од албуми и нивните најомилени песни, изјави уметникот.

Ребека Морган, одговорна за специјални монети во Кралската ковачница, истакна дека „Ајрон мејден“ се бестрашните пионери во музиката.

– Веејќи го знамето на Британија низ целиот свет половина век… Нивната креативна визија, моќните настапи и посветената публика им обезбедија место како еден од највлијателните британски бендови. Оваа монета е совршена фузија на „метал и метал“, па очекуваме дека ќе се покаже како колекционерско парче коешто ќе биде многу барано и од нумизматичарите и од страсните рок фанови, нагласи таа.

Монетите се достапни за купување од Кралската ковачница од 8:00 ч. утрово, во златни, сребрени и брилијантни изданија. Чинат од 18,50 фунти (за брилијантната монета од 5 фунти којашто ќе биде за вон оптек) дo 29,50 фунти за парчките во боја. Колекцијата вклучува и златна монета од 200 фунти, којашто чини 6.940 фунти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците
Следна Статија Истрагата потврди: позната причината за несреќата во која загина Диого Жота

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада највисокиот врв во Европа – Елбрус (5.642 метри надморска височина), сместен на планинскиот масив…

September 20, 2025
ЗАБАВА

„Трипедвајзор“ ја објави листата на најдобрите европски плажи за 2025 година (ВИДЕО)

Порталот за туризам „Трипедвајзор“ (Tripadvisor) објави топ-листа под наслов „Најдобри плажи за 2025 година“ во Европа. Најголемата светска платформа за патувања…

February 20, 2025
ЗАБАВА

Пица печена на вулканска лава е хит меѓу туристите во Гватемала (ВИДЕО)

Вулканот Пакаја, кој се наоѓа во јужна Гватемала, е еден од трите активни вулкани во тој дел од земјата. Неговите…

December 20, 2024
ЗАБАВА

Т- рекс продаден за рекордни 50 милиони долари

67-годишен Тираносаурус беше продаден на аукција на „Сотбис“ во Њујорк за 37,4 милиони фунти (50,1 милиони долари), што го прави…

July 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?