Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пица печена на вулканска лава е хит меѓу туристите во Гватемала (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Пица печена на вулканска лава е хит меѓу туристите во Гватемала (ВИДЕО)
ЗАБАВА

Пица печена на вулканска лава е хит меѓу туристите во Гватемала (ВИДЕО)

Објавено December 20, 2024 22:40
Сподели
Сподели

Вулканот Пакаја, кој се наоѓа во јужна Гватемала, е еден од трите активни вулкани во тој дел од земјата.

Неговите ерупции се гледаат од главниот град кој е оддалечен дваесетина километри. Туристите често ја посетуваат оваа локација, а посебно внимание привлекува пица мајсторот Дејвид Гарсија, кој ја подготвува познатата „вулканска пица“.

Имено, првата пица ја испекол во топла рерна на температура од 430 степени. Тој вели дека по неколку минути добил толку добар вкус што решил да развие метод на вулканско печење пица, а набрзо овој специјалитет станал вистинска туристичка атракција. Гостите меѓу вулканските карпи во редица чекаат пица, која Гарсија тенко ја растегнува на плех, а потоа ја става врз жешката лава што тече.

Температурата е најголемиот предизвик бидејќи, според Гарсија, таа варира од 800 до 1000 степени, што ја прави неговата „фурна“ за пица најжешка на светот, а секогаш постои ризик, вели тој, пицата да исплива од лавата.

„Продавав сè, од сладолед до зеленчук, но никогаш не мислев дека вулканот ќе биде почетна точка на мојот кулинарски успех“, рекол Дејвид, пишува „Њујорк Пост“.

Покрај тоа што тестото и состојките лесно можат да изгорат, подготовката и јадењето вкусна пица на активен вулкан носи одредени ризици.

„Во една прилика вулканот испушташе многу сулфур, па се спуштивме до базата. Ми течеше крв од носот, па паузирав 15 дена“, откри пица мајсторот.

„Дури кога почнав да ја јадам пицата, сфатив дека тоа е активен вулкан. Можеби тоа не беше најбезбедното искуство на моето патување, но пицата имаше навистина одличен вкус“, изјави американскиот турист Соџурнер Вајт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил Гејтс открива три клучни опасности од вештачката интелигенција – последната е особено алармантна
Следна Статија Се бара максимална казна за родителите на монструмот Коста, еве колку време можат да поминат во затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025 година

Додека летото полека ѝ отстапува место на есента, многумина ги реинтерпретираат енигматските изјави на Баба Ванѓа, слепата јасновитка, со мешавина…

September 10, 2025
ЗАБАВА

Не ги фрлајте лушпите од велигденските јајца, ќе направат чудо во вашата градина

Откако ќе ги изедете вашите велигденски јајца, не мора да ги фрлате лушпите. Има начин како да ги искористите, особено…

April 21, 2025
ЗАБАВА

Салма Хајек во бикини ги воодушеви фановите: Вака не изгледаат ниту двојно помлади девојки (ВИДЕО)

Актерката Салма Хајек докажа дека годините се всушност само бројка и блесна како една од четирите ѕвезди на насловната страница…

July 24, 2025
ЗАБАВА

Поради лошиот јавен превоз на Куба, со закон е задолжително земањето автостопери

Во Куба автостопувањето е дел од секојдневниот живот и клучен сегмент од националниот транспортен систем. Благодарение на конкретен закон, државните…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?