Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково
МАКЕДОНИЈА

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково

Објавено July 9, 2025 19:49
Сподели
Сподели

На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции, а по барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај село Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи.

Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници, во село Николиќ се распоредени 60 припадници, во Крива Паланка дејствуваат 30 припадници, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово.

Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров.

Во општина Македонски Брод има три активни пожари. Помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин гори деградирана дабова шума и грмушки, кај село Самоков опожарен е лесно запалив материјал, додека кај село Рамне гори ниска вегетација, но е проширен од фабриката Самоков.

Три пожари се активни и во Општина Ѓорче Петров. Кај селата Орман и Волково се запалени куќи, пожари има и на гробишта зад касарната, додека во стопански двор гори ниска вегетација.

Во Општина Чашка под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, има шумски пожар каде нема активен пламен, туку чад во карпест дел.

Помеѓу селата Блаце и Чучер, во Општина Чучер Сандево гори мешана шума и ниска вегетација, во Општина Дојран кај село Николич гори нискостеблеста шума.

Во Општина Шуто Оризари гори депонија, во Општина Кочани – Осогово (шума) и во Општина Петровец – с. Кожле (шума).

Сува трева, деградирана вегетација гори во Радишани, во Јурумлери во Општина Гази Баба ниска вегетација, исто како и во Општина Сарај кај Семениште.

Во Општина Старо Нагоричане, кај селата Младо Нагоричане и Клечовце гори нискостеблеста деградирана вегетација, додека во населба Лозаново, во Општина Крива Паланка шума и ниска вегетација во Општина Тетово – Желино, кај село Ларце.

Изгаснати се четири пожари, во село Љубанци, Општина Бутел, каде горела ниска вегетација, како и во Општина Старо Нагоричане. Пожарот во Општина Демир Хисар – Ново Село, каде горел помошен објект – плевна и сува трева во село Веселчани во Општина Прилеп аа/са/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран
Следна Статија Армијата ангажирана во справувањето со пожарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Незаконски избор на судии во Апелација, Камбовски изврши и кривично дело

Потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го коментираше вчерашениот избор на судии во Апелацискиот суд нарекувајќи го…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Царина и АХВ – заеднички против сите обиди за криминал со храна

Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски – Лазар: На Македонија и се потребни пријатели како Унгарија, ја унапредуваме соработката

Македонија и Унгарија се пријателски земји со одлични економски и политички односи и во духот на ова пријателство ја продолжуваме…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?