Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Склучивме Меморандум со Казанџи груп за градба на гасни централи во вредност од една милијарда евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Склучивме Меморандум со Казанџи груп за градба на гасни централи во вредност од една милијарда евра
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Склучивме Меморандум со Казанџи груп за градба на гасни централи во вредност од една милијарда евра

Објавено July 9, 2025 22:59
Сподели
Сподели

Од тука, од Куманово сакам да соопштам една добра вест за целата држава. Вчера на седница на Влада се официјализираше меморандум за соработка со компанијата Казанџи груп која што е светски гигант во енергетиката и е заинтересирана за инвестиции од 1 милијарда“, соопшти претседателот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на трибина во Куманово на тема „Од енергетска стабилност до силна економија!“.

Мицкоски информираше  дека на ова му претходеле бројни средби со „Казанџи Холдинг“, која со своите енергетски компании што работат под брендот АКСА. Станува збор за повеќе од 25 години искуство.

АКСА Енерџи е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија. Компанијата располага со инсталиран капацитет од над 3.500MW во 8 земји. Работат во 22 земји на четири континенти. Со нив имаме план за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво. Сето ова е зафат димензиониран на инвестиција од над една милијарда евра“, објасни Мицкоски.

Според него, градењето на когенеративни гасни централи е единственото трајно решение за загадениот воздух.

Сè друго би значело ставање на проблемот под тепих. Со ова покажуваме дека мислиме и работиме за иднината на нашата држава“, посочи Мицкоски.

Тој се осврна и на фактите како дека покрај ова, веќе е донесена инвестиција за ветерниот парк од 450 милиони евра што наскоро ќе се гради меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш.

Нема специјални  закони, нема загарантиран откуп по загарантирана цена за 20-30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава“, заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Покровител на годинешниот коњички „Илинденски марш 1978“ е премиерот Мицкоски
Следна Статија Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел има сомнение дека се подметнати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари.…

November 20, 2025
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Илон Маск сака да инвестира во Аргентина преку своите компании

Извршниот директор на производителот на електрични автомобили Тесла, Илон Маск, на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека сака преку своите…

September 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Стана ли Скопје заситен од станови: Статистика објави дека во август била планирана изградба само на 30

Во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што е за 1,8% повеќе во однос на истиот месец…

October 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Има притисок од странство на бензинските пумпи, но државните резерви можат да покријат 62 дена потрошувачка, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Државниот пазарен инспекторат е на терен поради поплаките од граѓани дека на некои бензински пумпи…

March 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?