Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел има сомнение дека се подметнати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел има сомнение дека се подметнати
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел има сомнение дека се подметнати

Објавено July 9, 2025 23:07
Сподели
Сподели

Многу тежок ден во справување со пожарите. Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер, но за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по седницата на владиниот Кризен штаб.

Тошковски информира дека од околу 20 пожари, во овој момент сите се под контрола. Под контрола се пожарите во Дојран, Николиќ, Крива Паланка, Орман, Волково, пожарот во Самоков и во Визбегово, а активиран е и европскиот механизм за помош во справување со пожарите.

Максимално се ставаат во функција сите капацитети на државата во функција, со тоа што морам да истакнам дека од Грција се дадени на испомош два канадери, кои што ќе бидат ставени во функција, како и два пешадиски тима кои се ставени на располагање преку ЕУ механизмот. Сите владини институции целосно се мобилизирани и активно се вклучени на терен. Во приправност се ставени 300 војници, од кои околу 150 активно беа вклучени на терен, како и околу 400 полициски службеници, кои беа активно вклучени на терен, изјави Тошковски.

Министерот, рече дека, не би можел да открива детали, но посочи дека многу е симптоматично тоа што, како што се неутрализира еден пожар, набрзо почнува втор, трет и сите се поврзани со одредена клучна инфраструктура.

Не сакам да шпекулирам, но морам да напоменам дека можни е да се работи и за едно поинакво сценарио од она, што би било сценарио на случајност. Институциите работат на терен и се надевам дека брзо ќе бидат расветлени сите овие случаи од коишто се предизвикани пожарите, изјави Тошковски, нагласувајќи дека вчера е фатено едно лице што палело со умисла, кое веќе е изведено пред судија на претходна постапка.

Во однос на пожарот на приватен отпад во Визбегово, Тошковски, рече дека приведени се сопствениците и по насока на Јавен обвинител ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

Тошковски, изрази благодарност до припадниците на МВР, Армијата, членовите на ЦУК, ДЗС и сите од општините кои беа вкличени во гаснењето на пожарите, за, како што рече „дадените натчовечки напори во справување со оваа огнена стихија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Склучивме Меморандум со Казанџи груп за градба на гасни централи во вредност од една милијарда евра
Следна Статија Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Целосно обновен подот каде вежба балетскиот ансамбл на Националната опера и балет

Го обновивме целосно подот каде вежба балетот, кој е по наjвисоки светски стандарди и има соодветна амортизација за избегнување на…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Ги забрануваме првите 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вчера гостуваше во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, каде што соопшти една…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи,…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта.…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?