Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски
ЗАБАВА

„Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски

Објавено July 10, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Со гордост го претставуваме третото музичко дело од продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“ – безвременската народна патриотска песна „Се собрале комитите“, овојпат во емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски, со музичка продукција на маестро Николче Мицевски.

Станува збор за песна што не само што се пее, туку и се чувствува. Песна која потекнува некаде од крајот на 19. или почетокот на 20. век – време на немир и надеж, кога комитите со срце и пушка ја пишуваа историјата на македонската борба за слобода. Преку стиховите на оваа песна се слуша ехото од планините, шепотот на клетвите дадени за татковината и чекорите на храбри луѓе кои се бореле за сонцето што денес гордо нè грее.

„Се собрале комитите“ е длабоко вкоренета во македонската традиција, особено во западните и централните краишта. Многубројните варијанти сведочат за нејзината вечна актуелност, а сега, со новото аранжманско руво и гласот на Миле Кузмановски, песната добива свежина – без да загуби трошка од својата душа.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја реализира својата мисија – да ја слави македонската музичка традиција преку современи преработки на безвремени народни бисери.

По претходно објавените „Не кажувај либе добра ноќ“ во изведба на Огнен Здравковски и „Како пиреј“ на Ламбе Алабаковски, новата песна ни носи уште една горда нишка од нашето културно ткаење.

Во периодот што следува, љубителите на македонската песна ќе имаат можност да уживаат во целосната збирка од проектот – песните ќе бидат објавувани последователно, во духот на мотото: „Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ИЈЗ: На одмор јадете тазе зготвена храна и спречете убоди од инсекти
Следна Статија По 14 години, се гаси Ал Џезира Балканс, се затвора и канцеларијата во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Македонскиот зелник меѓу 10. најдобри пецива на светот!

Македонскиот зелник се најде на деветото место на листата на гастро водичот TasteAtlas, меѓу десетте најдобри пецива во светот. Зелникот…

January 8, 2025
ЗАБАВА

Денеска е голем празник: Иванден има лековита моќ

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Ивана, Јанко, Јане, Јана… На свети Јован…

July 7, 2026

Пинбал машина за Покемон официјално објавена од Штерн Пинбал, достапна веднаш

Еве прв поглед!

February 16, 2026
ЗАБАВА

 ВИДЕО Алек Болдвин повторно ги изгуби нервите на улица: Се закани дека ќе му го „скрши вратот“ на комичарот

Алек Болдвин прилично непријатно ги доживеа шегите на комичар кој го исмејувал пред неговиот дом, на тема – трагедијата на…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?