По четиринаесет години работење на Балканот, регионалниот телевизиски проект Ал Џезира Балканс се гаси, беше потврдено за сараевскиот портал „Кликс“ (Klix.ba).
Тоа е филијала на катарскиот медиумски концерн, кој, како што е наведено, работи со голем успех на Балканот, со седиште во Сараево од 2011 година.
„Ал Џазира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина.
„Ал Џазира Балканс“ е присутна во Сараево од средината на септември 2010 година, кога ја купи локалната телевизиска станица „НТВ Студио 99“ од компанијата „ПЕП“ во сопственост на Адил Куленовиќ за 2,3 милиони конвертибилни марки (околу 1,17 милиони евра), што беше износот на долговите на телевизиската компанија кон државата.
Во 2018 година, „Ал Џазира Балканс“ го основа AJB DOC, фестивал на документарен филм, кој се одржува во Сараево секој септември.
Причините за затворањето сè уште не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука на Доха поради финансиски причини, соопшти „Кликс“.