Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четири девојчиња им го стоплија срцето на скопските пожарникари: „Кога телото ти се предава…, благодариме што ни го вративте здивот“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Четири девојчиња им го стоплија срцето на скопските пожарникари: „Кога телото ти се предава…, благодариме што ни го вративте здивот“
МАКЕДОНИЈА

Четири девојчиња им го стоплија срцето на скопските пожарникари: „Кога телото ти се предава…, благодариме што ни го вративте здивот“

Објавено July 11, 2025 09:57
Сподели
Сподели

Пожарникарот Васе од скопската противпожарна бригада сподели на социјалните мрежи дека по напорниот ден, ги чекало вистинско изненадување во базата. Гест на четири мали девојчиња кои како што вели Васе, им го вратиле здивот во моменти кога останале без сила.

Facebook

Малите девојчиња продавале сокчиња и бонбони за да соберат донација за пожарникарите кои деновиве водат долги и исцрпувачки битки со пожарите ширум Македонија.

-Кога веќе немаш ни здив, ни сила… доаѓа нешто што ти го стоплува срцето.
При крај на смена, валкани од пепел, уморни од битката со огнот, не изненадија четири мали херои.
Некаде, тивко и скромно, Елизабета, Бисера, Ена и Јоана собрале сокчиња и бонбончиња и ги продавале, не за себе, туку со една порака:
„Донација за македонските пожарникари.“
Во момент кога телото ти се предава, кога веќе не знаеш дали имаш уште капка сила…
оваа порака ни даде одговор, знаеме за кого ја работиме оваа работа.
За вас. За нашите деца. За иднината на Македонија.
Ова не беше само гест. Ова беше потсетник зошто никогаш не треба да се откажеме.
Поради вакви срца, вреди да се трча, да се ризикува, да се спасува.
Ви благодариме, девојчиња. Ви благодариме што ни го вративте здивот.
Фала што покажавте што значи вистинска поддршка.
Земете пример сите од Елизабета, Бисера, Ена и Јоана.
Вие сте наши јунаци.
А ние, сега уште посилно, ќе се бориме, за вас. За Македонија, пишува пожарикарот Васе во својата објава на социјалните мрежи.

Facebook

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриена е пораката што Епштајн ја испратил неколку часа пред неговата смрт
Следна Статија Генијалниот Никола Тесла секојдневно јадел едно исто овошје и доживеал 87 години: Верувал дека го чува мозокот и виталноста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мечка се прошета низ село во Ранковце, но не смее да се убива, предупредија од ловното здружение

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Нашите ангели заслужуваат правда“, протестен марш на семејствата на загинатите во „Пулс“ во Кочани

Под мотото „Задоцнета реакција“ денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во трагичниот…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Во Валандово победа на Камчев од ВМРО-ДПМНЕ

Во Валандово, по 100% обработени избирачки места, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ бележи тесна, но сигурна победа. Кандидатот Ѓоко…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: ДУИ на власт ги интересираше само полнење на нивниот џеб, а сега гледаме глумат спасители на Албанците

На гостувањето во „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, говореше за…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?