Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Локализиран пожарот кај Бешиште, Мариово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Локализиран пожарот кај Бешиште, Мариово
МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот кај Бешиште, Мариово

Објавено July 11, 2025 16:57
Сподели
Сподели

По околу две недели под контрола е ставен пожарот кај Бешиште, Мариово до грчката граница.

Заменик-командирот во прилепската противпожарна единица, Виктор Стојчески истакна дека овие денови гори мешана шума и оти се правеле пристапни патишта за да се локализира пожарот. На теренот се екипи од ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, Кавадарци и Битола.

-Пожарот кај месноста Железна Врата, близу до границата со Грција во Мариово е ставен под контрола, локализиран е во еден непристапен дел на шума од бор и бука. Приземен пожар е, вработените во ЈП „Национални шуми“ ги чистеа пристапните патишта за да не може пожарот да се шири. Моментачно таму работата ја презедоа вработените во „Национални шуми“ од подружниците во Прилеп, Битола, Кавадарци, рече Стојчески.

Прилепските пожарникари овие три дена се обидуваат да ги локализираат штетите што ги прави депонијата кај селото Дебреште во Општина Долнени. Во текот на овие денови, пожарникарите четири пати интервенирале, последно во текот на денот и се стравува дека оваа депонија може да биде проблем во наредниот период.

-Лани еден месец беснееја огновите на депонијата кои го зафатија блискиот рид и пожарникарите мораа да спасуваат манастир. Во моментов ситуацијата е мирна и под контрола, вели Стојчески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриена комета – три милијарди години постара од Сончевиот Систем
Следна Статија Се огласи Димитров: Понекогаш срцето сака да продолжи, но универзумот има поинаков план за нас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јорданова: Вообичаено државите кандидати ги влечат напред соседите, нас тие не блокираат

Експертот за ЕУ, Малинка Р. Јорданова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни зошто трае толку македонскиот евроинтеграциски процес.…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани

Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот…

May 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Аболицијата на Иванов била незаконска, одлучи судот во Стразбур

Судот за човекови права во Стразбур се чини стави точка на сите дилеми во јавноста во Македонија во врска со…

June 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик

Нема поприлично место од Охрид и македонската светиња над светињите - црквата „Света Софија“ за празнување и одавање почит на…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?