Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница
БАЛКАН

Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница

Објавено July 11, 2025 17:21
Сподели
Сподели

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година.

На комеморацијата ќе бидат погребани посмртните останки на седум жртви од Сребреница, пронајдени на различни локации, меѓу кои и две 19-годишни момчиња, најмладите меѓу денешните погребани.

На настанот се очекува присуство на лидери од повеќе земји, а според медиумите од Сараево, комеморацијата би можела да привлече околу 150.000 луѓе.

Генералното собрание на Обединетите нации минатата година го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, осудувајќи го негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Геноцидот во Сребреница, извршен од силите предводени од командантот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, резултираше со убиство на над 8.000 луѓе, главно мажи и момчиња, во јули 1995 година. Според податоците на Меморијалниот центар, во и околу Сребреница биле убиени најмалку 8.372 лица, вклучувајќи жени, девојчиња и постари лица.

Геноцидот е правно потврден со пресуди на Меѓународниот суд на правдата, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (Хашки трибунал) и Судот на Босна и Херцеговина. Досега, 54 лица се осудени за геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства во Сребреница, со вкупно 781 година затвор. Петмина, вклучувајќи ги Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, се осудени на доживотен затвор. Меѓународниот суд на правдата во 2007 година пресуди дека Војската на Република Српска извршила геноцид во Сребреница, додека Србија беше прогласена за одговорна бидејќи не го спречила геноцидот. Сепак, како што посочува српската агенција Бета, српските политички елити во Босна и Херцеговина и во Србија сè уште не покажуваат подготвеност да се соочат со минатото и да го признаат геноцидот.

Меморијалниот центар Сребреница – Поточари предупреди дека во Република Српска продолжува институционалната дискриминација на Бошњаците, негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција
Следна Статија Турција го казни „Гугл“ со 8,8 милиони долари поради кршење на правилата за конкуренција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Воз кој тргнал од Македонија усмрти малолетник на пругата во Врање

Во понеделникот, 1 декември, во раните попладневни часови на железничката пруга помеѓу селата Топлац и Кумарево, трагично загина малолетникот Д.…

December 3, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Ако го признаеме Косово и воведеме санкции на Русија, утре ќе станеме членка на ЕУ

Српскиот претседател Вучиќ не отпатува на самитот на БРИКС во Русија, поради како што образложи, набиената агенда со средби со…

October 23, 2024
БАЛКАН

Грчките земјоделци ги прекинуваат блокадите: Граничните премини отворени за празниците

Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на Божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи непречено…

December 21, 2025
БАЛКАН

Се огласи српското МВР по киднапирањето на Кајмакоски – во потерата биле вклучени сите единици

Српското Министерство за внатрешни работи ги потврди сите детали за драматичното киднапирање на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (43). Во опсежното…

February 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?