Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета: Позитивен одзив кај граѓаните за проектот со Велика Британија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Анкета: Позитивен одзив кај граѓаните за проектот со Велика Британија
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Позитивен одзив кај граѓаните за проектот со Велика Британија

Објавено July 13, 2025 10:43
Сподели
Сподели

Македонските граѓани го поддржуваат потпишувањето на Македонија на стратешкото партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за стратешки инфраструктурни проекти. Повеќе од 41 отсто од испитаниците од истражувањето на МКД.мк, кое го изврши агенцијата Маркет вижн, целосно или делумно го поддржуваат овој проект.

Негативен одговор дадоа 29,1 отсто од испитаниците.

фото: Истражување на МКД.МК

По новинарските написи за криминалот со набавката на јаглен за потребите на ЕСМ, 53,1 % од испитаниците одговориле дека веруваат во информациите дека во овој криминал се вмешани семејството Заеви и Венко Филипче.

фото: Истражување на МКД.МК

Голем дел од испитаниците, 59,3 отсто, веруваат во тврдењата дека поранешниот премиер Зоран Заев инвестира го изградбата на згради во Дубаи.

фото: Истражување на МКД.МК

На прашањето „во која насока сметате дека се движат работите во Македонија“, 34,3 отсто од испитаниците одговориле дека насоката е правилна, а 40,5 отсто сметаат дека насоката е погрешна. Податоците покажуваат дека сѐ поголем број на испитаници сметаат дека земјата се движи во правилна насока.

фото: Истражување на МКД.МК

Анкетирањето беше спроведено од 20 јуни до 4 јули со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во куќата на убиецот се пронајдени трите тела во Прилеп – Фрлил бомба кон полицијата пред да се самоубие
Следна Статија Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Важно: Од утре се затвораат споредните влезови на автопатот Охрид–Кичево

СВР Охрид ја информира јавноста дека од утре (29.04.2026), за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои…

April 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дуковски: Зошто Обвинителството побaра само одземање на пасошот на кумот на Заеви, а сомнежот е за организиран криминал?

Струмичкиот бизнисмен, Ристо Крмзов осомничен за затајување на данок и регистрирање на фантом фирми преку кои цицал од државниот буџет…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Катерина Зајковска е предложена да ја замени Цвета Ристовска како член на Антикорупциска комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови го усвои предлогот Катерина Зајковска да биде избрана за…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации…

May 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?