Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ пак се жали: На „Охридско лето“ немало албанска култура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ пак се жали: На „Охридско лето“ немало албанска култура
ПОЛИТИКА

ДУИ пак се жали: На „Охридско лето“ немало албанска култура

Објавено July 14, 2025 18:24
Сподели
Сподели

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура во официјалната програма. Во една држава каде Албанците претставуваат значаен дел од населението и културниот живот, целосното исклучување на секој албански елемент од еден национален фестивал е неприфатливо и загрижувачко“, велат од ДУИ.

„Официјалната програма на „Охридско лето“ вклучува концерти, театарски претстави и специјални вечери посветени на европски култури, но ниту еден музички настан, театарска изведба или изложба не ја претставува богатата албанска културна традиција. Оваа културна тишина е сама по себе исклучувачка порака и доказ дека пристапот кон албанската култура во државните институции не е застапен, туку маргинализиран.

Иронично, фестивалот беше отворен во присуство на Претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Бегај, но ниту тоа не беше доволно за организаторите да размислат за вклучување на албанскиот јазик и култура во програмата. Не само што нема никакво претставување на албански уметници, туку целосно недостига секоја точка што би го одразувала идентитетот, традицијата или современото творештво на Албанците во Северна Македонија.

Албанската култура е и треба да биде природен дел од секоја културна манифестација од национално ниво. Нејзиното отсуство од ваква манифестација не е организациско прашање, туку показател на исклучувачка политика што се вкоренува во институционалниот систем на културата.

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за овој исклучувачки пристап и ги повикува одговорните институции да дадат објаснување за ова целосно игнорирање. Владата, Министерството за култура и раководството на фестивалот треба да сносат одговорност за недостигот на претставување на една од главните заедници во оваа земја, не само на јазик, туку и во духот, уметноста и идентитетот.

ДУИ ќе продолжи да го брани културниот диверзитет и, во неговата рамка, достојното претставување на албанската култура на сите институционални нивоа, со убедување дека културата не е средство за исклучување, туку столб на соживотот и општествениот развој“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возач загина откако излета од патот Битола – Демир Хисар
Следна Статија Радев вели дека Македонија самата се блокира на патот кон ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче најави предлог закони за намалување на цените на горивата и храната

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција најави дека ќе поднесе предлог-закони со кои ќе се намалат акцизите на…

March 19, 2026
ПОЛИТИКА

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во…

June 5, 2025
ПОЛИТИКА

Поранешната прва антикорупционерка во трка за градоначалник на Центар

Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“ денеска објавија дека поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, ќе биде независна кандидатка…

August 13, 2025
ПОЛИТИКА

Фетаи: Замрзнувањето на балансерот нема да спречи нови вработувања

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?